Судиите предлагаат мој термин за подобра организираност на работата?!
Поради немањето довлоно комбиња на затворите, судиите мора со време да си резервираат презвоз да обвинетите или да одлагаат рочишта па затоа за да си ја олеснат работата а при тоа да ги побијат обвинувањата од Судскиот совет поради неажурност, решиле сами да се организираат, пишува Телма.
Затворите во Шутка и Идризово немаат дволно луѓе и комбиња за да можат да ги носат обвинетите на судење. Затоа судењата се одлагаа, обвинетите со месеци се во притвор, а судиите добиваа лоши оценки за сработеното.
Имено, тие создале софтвер кој подобро ќе ја организира нивната работа, и со овој систем како што пишува Телма ќе се проверува доколку еден обвинет има повеќе судски постапки и наместо да се носи во различни денови , да му се суди во ист ден, а се предвидува да се воведе и електронска евиденција за сите кои влегуваат во судот, бидејќи се појавуваат луѓе кои во некои предмети се обвинети, но во други оштетени или сведоци, па одат на рочишта на кои одговара, а избегнуваат други судски покани.
Судиите ова софтверско решение ќе биде предложено до судскиот совет со цел да се воведе во сите судови во земјата.
