Судиите и јавните обвинители ќе добијат 35% поголема плата
Дополнителни 20 милиони евра од буџетот ќе се одвојат за зголемување на платите на судиите и јавните обвинители.
Владата го предлага ова зголемување на платите со цел да се зајакне самостојноста на јавното обвинителство и на судовите, а воедно сметаат дека со ова зголемување ќе се зголеми достоинството и и одговорноста на судиите.
И судиите и јавните обвинители ќе имаат поголеми примања за 35% за работа подолга од полното работно време 35%, за работа во деновите за празници 50%.
Освен редовната плата јавниот обвинител ќе има право на додаток за посебни услови ра работа, постоење на висок ризик и доверливост.
Ова зголемување на примањата доаѓа како новогодишна честитка за наведените професии бидејќи Владата измените на Законот ги поднела за донесување со итна постапка во Собранието на РМ.
Во јавноста веќе се појавија реакции дека сето ова се прави намерно за специјалната обвинителка Катица Јанева и дека проблемот за примањата на судиите кој со години не беше решен, сега „случајно“ се решава по скратена постапка.
