Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судењето почнува, Кежаровски да се брани од слобода, бараат новинарите!

Судењето почнува, Кежаровски да се брани од слобода, бараат новинарите!
Кежаровски  на судскиот процес што почнува во 10 часот ќе одговара за неовластено оддавање на информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите што се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица. Новинарите бараат тој да се брани од слобода. Јавен апел да му се овозможи на новинарот Томислав Кежаровски да се брани од слобода упати во четвртокот Иницијативен одбор за ослободување на Кежаровски од притвор. Апелот е упатен  пред почетокот на судењето на Кежаровски закажано за в петок во 10 часот во Кривичниот суд во Скопје. „Не прејудицирајќи ја судската одлука, укажуваме дека Кежаровски ја вршел својата работа како новинар и пишувал за теми кои се од јавен интерес“, стои во апелот. Притоа се бара од судот да ја има предвид функцијата на новинарството во едно демократско општество и каков ефект има притворањето на Кежаровски врз слободата на говорот и работата на другите новинари. „Уште еднаш потенцираме дека против одлуката Кежаровски да се држи во притвор повеќе од 70 дена застанаа сложно сите медиумски организации и здруженија и најголем дел од македонската јавност. На притворањето на Кежаровски реагираа и многу меѓународни новинарски здруженија и асоцијации, организации за човекови права, странски амбасади, меѓународни институции кои мерката ја оценија како чекор кој е загрижувачки и кој ги намалува демократските капацитети и слободи во Македонија“, стои во соопштението. Според Иницијативен одбор почетокот на судењето е вистински момент да му овозможи на новинарот Кежаровски да се брани од слобода.  И Неговата сопруга Марина Кежаровска, очекува Томислав да добие фер судење и правдата да излезе на виделина. Според обвинението, Кежаровски ќе одговара за неовластено оддавање на информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите што се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица. На притворениот новинар по втор пат му беше продолжен притворот. Иако првично беше најавено судскиот процес да започне во септември по одморите, сепак Кривичен донесе одлука тој да почне што поскоро.
Слично

Поврзани вести