Судење: На списокот на Јашари за ликвидација бил и албански политичар од Македонија
Азем Власи, косовскиот функционер од времето на поранешна Југославија, а сега адвокат, на денешното судење во Приштина на Мурат Јашари, лицето кое се обиде да го убие, му порача дека ќе се откаже од обвинението, доколку каже кој го пратил и кои се мотивите за обидот за убиство.
Влади на денешното рочиште побара и ново психијатриско вештачење за да се утврди дали е Јашари „дебил или имбецил“, откако првично дијагнозата била дека него дошол да го убие личност со психички нарушувања, односно, како што нагласил, „лудак“.
Инаку на 13 март минатата година Јашари упадна во адвокатската канцеларија на Власи во центарот на Приштина и пукаше во него од револвер, но му нанесе само полесна повреда во пределот на градите.
Откако беше приведен кај него беше пронајден список составен од организација наречена Окото на народот, со имињата на над 20 политичари Албанци, од Косово, Албанија, Македонија и Србија, кои требало да се ликвидираат. Меѓу нив биле имињата на косовскиот претседател Хашим Тачи, спикерот на косовскиот парламент Кадри Весели, лидерот на Демократската унија за интеграција од Македонија Али Ахмети, албански политички лидери од Прешевската долина во Србија.
