СУДЕЊЕ: На обвинителна клупа осомничените за кражба на артефакти од Музејот на Македонија
Почнува судскиот процес за откриената кражба на артефакти од Музејот на Македонија. На обвинителна клупа ќе се најдат седуммина, меѓу кои и поранешни директори на Музејот, програмски директор, виш кустос, ракувач на депо и златар.
Обвинетите се товарат за отуѓување културно наследство од особено значење во држава сопственост, несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување и прикривање.
Од Музејот беше откриено дека недостигаат најмалку 166 вредни артефакти и збирки. Осомничените од ноември се во притвор. Според обвинението, тие ги изнесувале вредните предмети од депоата на Музејот и ги препродавале кај познат златар.
Меѓу нив беше и поракешниот директор на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман, но против него не беше покренато обвинение.
Слично
