Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судење Груевски-Заев: Треба да сведочи и „газда Нини“

Судење Груевски-Заев: Треба да сведочи и „газда Нини“
Во Основниот суд Скопје - 2 утрово започнува судското рочиште во кое премиерот Никола Груевски го тужи лидерот на СДСМ Зоран Заев за изречени наводни клевети со обвинувањата за малверзации при продажбата на Македонска банка. На распитот треба да бидат сослушани и тужителот Груевски и тужениот Заев, а како главен сведок судот прифати да се појави и српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ - Нини кој според тврдењата на Заев му дал на Груевски пари на рака за да си го обезбеди купувањето на банката. Како доказ судот ги отфрли снимките од телефонскиот разговор во кој наводно премиерот Груевски и друг човек се договараат за продажбата на Македонска банка. Подготвителното рочиште за овој судски процес се одржа на 3 јуни и тогаш ниту Груевски ниту Заев не се појавија во судница. Премиерот од опозицискиот лидер бара отштета од половина милион евра.
Слично

Поврзани вести