Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДЕЊЕТО ПРОДОЛЖУВА: Се најде сала за случајот „Дива населба“

СУДЕЊЕТО ПРОДОЛЖУВА: Се најде сала за случајот „Дива населба“

После две одложувања на рочиштата денеска од почеток почнува судењето на обвинитите во кумановските судири кои се случија лани во мај.

Имено, судњето ќе продолжи во свечената сала на Врховниот суд, која според одлуката на Владата,  објавена во Службен весник големата сала во зградата на Врховниот суд времено му се дава на користење на Основниот суд Скопје 1.

Кривичниот суд немаше просторија во која ќе ги собере сите 37 обвинети,  адвокатите, полицајците, роднините и новинарите, па така салата во следните шест месеци ќе ја користи Кривичен суд.

Вооружената група во мај успеа да посее страв меѓу граѓаните во Куманово и ширум земјава, а инцидентот заврши со жртви и од македонската полиција.

Обвинетите категорично тврдат дека не се виновни.

Тие велат дека во случајот не се работело за тероризам и побараа нивниот случај да го преземе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Во престрелката загинаа 8 полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и 10 лица од вооружената група.

По 70 000 евра за семејствата на загинатите полицајци, целосно обесштетување на граѓаните од „Дива Населба“

Владата одлучи на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили да се додели финансиски надомест во висина од 70 000 евра по семејство, во денарска противвредност. На загинатите припадници на полицијата кои беа во брак, половина од сумата на надоместокот да биде доделен на сопругата, а половина на родителите на полицаецот. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да подготви и да достави информација за потребите за дополнителна помош и поддршка на членовите на семејствата на загинатите полицајци.

Владата одлучи да се додели финансиски надомест за припадниците на безбедносните сили кои беа ранети и повредени во полициската акција во Куманово.

На најтешко ранетиот полицаец да се додели финансиски надомест од 40 000 евра во денарска противвредност.

На четирите полицајци кои се тешко повредени и се хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување, а се под интензивно лекување, да се додели финансиски надомест од 35 000 евра по полицаец, во денарска противвредност.

На деветнаесетте полицајци кои се веќе оперирани заради потешки повреди, или пак имаат потешки повреди, да се додели финансиски надомест од 25 000 евра по полицаец, во денарска противвредност.

На преостанатите тринаесет полицајци кои беа повредени и ранети во акцијата да им се додели финансиски надомест од 15 000 евра по полицаец, во денарска противвредност.

На припадниците на Единицата за специјални задачи и на припадниците на Единицата за брзо распоредување кои беа ангажирани во полициската акција во Куманово, да им се додели финансиски надомест во висина од 10 000 евра по припадник, во денарска противвредност.

На припадниците на хеликоптерската единица кои учествуваа во акцијата и на професионалците од штабот кои раководеа со акцијата во Куманово да им се додели финансиски надомест во висина од 10 000 евра по припадник, во денарска противвредност.

На припадниците на Посебната единица на полицијата кои беа ангажирани во полициската акција во Куманово, да им се додели финансиски надомест во висина од 5000 евра по припадник, во денарска противвредност.

Слично

Поврзани вести