Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДБИНАТА НА ТЕСТ: Неизвесна состојбата на јужната граница!

СУДБИНАТА НА ТЕСТ: Неизвесна состојбата на јужната граница!
Состојбата на јужната граница е тензична и се менува од час во час. Активистите кои се на терен велат дека треба да се внимава на безбедноста, но треба и да се внимава да не бидеме вовлечени во инциденти, бидејќи расте револтот и кај таканаречените економски мигранти и кај сиријските бегалци. Додека едните бегаат од војна, другите бегаат од сиромаштијата која велат е полоша и од куршумите. Оттука станува се понапната работата и на хуманитарците. Велат за нив е битно помошта да стигне навреме и да им помогнат на сите бегалци бидејќи поделба нема-сите се луѓе и заслужуваат хуман третман. Тензиите и ескалацијата на состојбата, според Јасмин Реџепи од невладината Легис се резултат од  манипулација врз економските мигранти. Секој протест вели лесно може да прерасне во насилство кое потоа тешко се контролира. “Овие тензии се предизвикани од грчката манипулација врз економските мигранти и секој протест лесно прераснува во насилство.Се работи за засега не повеќе од 3000 протестирачи, а Грција завчера  презеде вонредни мерки за нивно оддалечување од граничната линија. Се' зависи од активноста или пасивноста на грчката страна”-вели Реџепи. 12346527_1043513362367763_4291576545744858246_n По одлуката на Европската Унија да не се примаат економски мигранти, нетрпеливоста и инцидентите се  особено големи  во Идомени, грчко село лоцирано во непосредна близина кон границата со Македонија. Откако грчката полиција отвори коридор вчера повеќе од 2000 бегалци влегоа во Македонија, а околу 1000 чекаат пред жичаната ограда. Тие претходно повеќе од дваесет беа заглавени на границата, бидејќи економските мигранти го блокираа преминот и со жив штит бранеа да поминат на македонска територија, доколку не им се дозволи и тие да продолжат со нив.Новиот бран на бегалци според Реџепи секојдневно се пречекува со хуманитарна помош. По макотрпниот пат, за нив вели е битно да добијат топол оброк пред да го продолжат својот пат. “Наши активисти се постојано на терен. Постојано доаѓаат бегалци, честопати премрзнати и гладни,  чиј број деновиве значително расте и бараат место да одморат  и да земат малку храна. Некои од нив поради ниските температури палат огнови околу кампот за да се згреат. Сликата воопшто не е убава, но мора да им помогнеме полесно да транзитираат низ земјава” -смета Реџепи. 12341167_1043513315701101_1187414122639832479_n Полицијата од двете страни се потешко се справува со проблемот бидејќи состојбата е променлива,еден час мирно, еден напнато. Следната недела на помош доаѓа европската полиција Фронтекс чии сили ќе бидат распоредени од грчката страна на границата со Македонија, за да и помогнат на домашната полиција да се справи со напливот на бегалци и мигранти. Според договорот околу 400 сили од следната недела ќе помагаат во идентификација и регистрација на мигрантите. Но според Реџепи неможе да се очекуваат сериозни резултати на терен, се додека овој хуманитарно-социјален проблем не добие политичко решение. “Реално, освен симболичен мониторинг од Фронтекс, ништо сериозно не можеме да добиеме. Ова е проблем на земји членки на ЕУ и тие меѓу нив треба да го решат. Ние треба да го гледаме само нашиот интерес: безбедни граници, хуманитарна помош во транзитните кампови и мал број на задржани”-додава Јасмин Реџепи од Легис. 12301580_1043513409034425_4452420332455367280_n Менаџирањето на овој проблем вели во моментов е отежнато поради се понеизвесната страна на голем број мигранти кои остануваат заглавени на граничниот простор, а не се нудат конкретни предлози што ќе се прави со нив. Хуманитарците стравуваат дека може да се случи повторување на криумчарските канали и развивање на локалниот криминал со кој дополнително ќе се усложни и онака тешката состојба. “Можни следни сценарија се повторување на криумчарските канали, корупција во полицијата, нов илегален транзит пеш, локален криминал, отварање кампови од затворен вид. Тоа ќе ги мултиплицира проблемите”-нагласува Реџепи. 12311314_1043513459034420_1570953603894980108_n Затоа додава потребна е зголемена контрола но и поширока европска политика за надминување и решавање на проблемите. Македонската полиција која ја обезбедува јужната граница ќе добие засилување од  полицајци на повеќе земји кои се потенцијално загрозени од кризата со мигрантите. С.Б.
Слично

Поврзани вести