Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судбината на изборите ќе се решава на лидерска средба

Судбината на изборите ќе се решава на лидерска средба

Деновиве ќе има лидерска средба на која ќе се одлучи кога ќе има избори.

Лидерите на четирите најголеми партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА деновиве се очекува да седнат на преговарачка маса. Тие ќе разговараат за датумот за избори и за влада, која ќе треба да ги организира изборите. За тоа кога ќе се одржат изборите мислењата и ставовите се поделени.

Според СДСМ избори може да има и наесен, а од ДУИ сметаат дека нема услови за избори до крајот на годината. Од ВМРО ДПМНЕ остануваат на ставот дека владата која треба да ги организира изборите ќе се формира 100 дена пред изборите.

„Исполнети се двата услови за да се одржи неопходна лидерска средба за спроведување на брзи, фер, слободни и демократски избори“ - кажа вчера портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој вели дека е потребен политички дијалог за што е можно поитно да се договорат и исполнат условите за да може Република Македонија да спроведе брзи, фер, слободни и демократски избори.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со амбасадорката на Кралството Белгија, Аник Ван Калстер, изјави дека со политичка волја од сите страни изборите би можеле да се одржат и наесен.

Слично

Поврзани вести