Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судбината на еврото во рацете на „челичната дама“

Судбината на еврото во рацете на „челичната дама“

Се радувам на средбата со мојот нов тим и на работата во следните осум години, како и за 340-те милиони Европејци кои секој ден го користат еврото, напиша новата шефица на Европската централна банка, Kристин Лагард на Твитер. 

ЕЦБ месечно ќе откупува 20 милијарди евра државни и приватни обврзници со цел да ја поддржи забавената европска економија и да ја доближи инфлацијата кон целта од два процентни поени.

За претседател на ЕЦБ ја избра Европскиот совет на 18 октомври годинава со мандат од осум години.

Лагард е првата жена на чело на ЕЦБ од нејзиното основање во 1998 година. Таа претходно беше шефица на француското Министерство за економија (2007-2011), a потоа беше на чело на Меѓународниот монетарен фонд oд 2011 дo 2019 година.

Во медиумите ја нарекуваат и „челничната дама“.

Лагард поднесе оставка на функцијата извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) две недели откако беше предложена за нова директорка на Европската централна банка. Таа на новата функција ќе остане осум години. 

На нејзиното место во ММФ дојде кадар од Бугарија. Изборот на Кристалина Георгиева за извршен директор на ММФ е огромно достигнување за Бугарија, напиша на Фејсбук премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Слично

Поврзани вести