Судбина на еврото: Ќе падне на „доларова гранка“
Доларот би требало да зајкне и да се изедначи со еврото во наредните година дена, бидејќи американската Управа на федерални резерви му дава на курсот подигање на каматните стапки, иако оваа недела не се одлучила за акција, проценува инвестиционата компанија "Principal global investitors".
Американската валута веројатно во ист период ќе порасне на 125 јени - тврди Џим Мекохан, генерален директор на оваа компанија, која управува со активи вредни 350 милиони долари, пренесува Блумберг.
Фед на овонеделниот состанок одлучи да не ја подига каматната стапка на задолжување, поради превирања на финансиските пазари и раст на ризик од забавување од глобалната економија.
-Очекувам во наредните денови голем притисок на еврото и дека доларот повторно би можел да се изедначи со европската валута-изјавил Мекохан и додал дека ЕЦБ и Централната банка на Јапонија веројатно ќе ги зголемат монетарните поттикнувања во настојување да ја потпрат инфлацијата.
Вредноста на американската валута во петокот утрото на Лондонската берза беше 1,1402 евра, што е за 8,0 одсто под 12 месечниот максимум од 1,0458 евра од 16 март оваа година.
Последен пат кога вредноста на доларот се изедначила со еврото било во декмври 2002, а според анализата на Блумберг, постојат 17 одсто шанси во наредните година дена доларот да го стигне истото ниво.
-Фед веројатно во декември ќе ги подигне каматните стапки, иако е можно и подигање до првиот квартал на 2016 година, ако таа институција продолжи да се грижи дека јакнењето на доларот може да го загрози извозот-изјавил Мекохан.
