Со субвенции до сончеви колектори
100.000 евра за субвенционирање на граѓаните кои ќе вградат сончеви колектори инвестира министерството за економија годинава. Огласот е веќе објавен, а граѓаните можат да конкурираат до крајот на мај годинава. Се субвенционира 30 проценти од вредноста на колекторите или до 300 евра од семејство.
Експертите велат дека инвестицијата е исплатлива и се враќа за 3 до 5 години, зависно од типот на колекторот кој се вградува. Со инсталирање на еден сончев колектор, годишно може да заштедат меѓу 12.000 и 18.000 денари.
Од 2007 година кога се субвенционираа првите сончеви колектори до сега околу 2.000 семејства ја искористиле субвенција.
Слично
