Субвенции за куќа за лица до 35 години: „Купи куќа за млади“!
После добро познатиот владин проект „Купи куќа купи стан“ Владата денеска најави нов мегапроект.
Тој важи за сите млади лица до 35 години и има за цел да обезбеди поддршка за нова куќа преку достапни два модели и се однесува само за стекнување нови невселени куќи изградени од градежни компании, како и за изградба на сопствена куќа на свое земјиште или пак надградба и доградба..
Според она што го соопшти премиерот условите добивање на ваква субвенција се прилично исти како и оние за „Купи куќа купи стан“.
Државата со првиот модел, за кредит до 20 години и максимален износ до 50 илјади евра ќе ја субвенционира месечната рата 11 години, во првите осум години 80 проценти од нејзиниот износ, а во останатите три години 50 проценти, додека со вториот модел целосно се субвенционира учеството за кредитот зависно од износот што ќе биде земен.
Брателот на субвенцијата, без оглед на брачниот статус, не треба да има живеалиште на свое име ниту пак да има подигнато кредит. Ако корисникот е поединец за да користи субвенција треба да има до 35 години месечни примања до 900 евра, а ако станува збор за сопружници барем еден од нив да биде до 35 години и да имаат вкупен приход до 1.300 евра.
Според најавите проектот ќе стартува во февруари.
