Субвенционираните придонеси ја зголемија просечната нето-плата за 60 денари
Мерката за субвенционирање на придонесите од страна на Владата која започна да се применува на крајот на октомври ја зголемија просечната плата во Македонија во ноември за 60 денари во споредба со еден месец претходно.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25 787 денари. Просечната нето плата во октомври изнесуваше 25 726. Во однос на ноември 2018 година е зголемена за 5,1 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 38 319 денари. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2019 година изнесуваше 38 227 денари.
Слично
