Субвенциите растат, но кои се стратешките насоки за развој на македонскиот аграр?
Развивањето на оддржливо земјоделско производство, бара спроведување на оправдана во однос на целите и доследна во однос на мерките и дејствијата долгорочна секторска политика за развој.Успешниот развој на македонското земјоделство и реализацијата на неговите оштествени функции бара јасно формулирани стратешки цели на аграрната политика,комлексни мерки и дејствија за нивно оствараување.Стратешите приоритети за развој можат да се групираат во неколку групи и тоа:
- развој на земјоделските стопанства
- трансфер на знаења и информации
- оддржливо управување на природните ресурси
- интегрирање на примарното производство во прехрамбената индустрија
- пораст на високофинално производи (производи со високо додадена вредност во прехрамбената индустрија
- Подобри цени на производите како последица на пораст на побарувачката на храна
- Зголемена побарувачка на производи со гарантиран квалитет и потекло
- Зголемена побарувачка на органски производи
- Консолидација на земјоделските стопанства
- Полесен пристап до постојни и нови технологии и знаења, развој на научни истражувања и на информациски и комуникациски технологии.
- Нов однос кон мултифункционална улога на земјоделството и неговите функции како испорачувач на општествени услуги, како и такви кои се однесуваат на климатските промени
- Пораст на значењето за зачувување и развој на методите за традиционално производство
- Големиот дел на мали земјоделски стопанства не дава гаранција за модернизација и пристап до пазарот
- Спор напредок на структурни промени поради нефункционален пазар на земјоделско земјиште
- Осипување на работната сила поради неконкурентно плаќање на трудот и лошите услови во селските реони
- Неспособност на земјоделството и прехрамбениот сектор да се приспособат кон процесите на глобализацијата и транснационалните компании во прехрамбениот ланец
- Зголемен притисок врз природните ресурси и загуба на земјоделски површини
- Неизбалансиран развој на земјоделството поради нерамномерна (неускладена) подршка на производството на поедини сектори (гранки на производство)
- Отсуство на целна подршка на модернизацијата и равој на сектори кои бараат големи инвестции со долг рок на отплата–складишта, ладилници, хидромелиорации, сточарство и др.
- Пораст на конкурентската способност со зачувување на природните ресурси-земја, биодиверзитетот и др., преку модернизација на земјоделското производство
- Ефективно користење на ресурсите, премин кон незагаденост со јаглерод и одржливо кон климатски промени производство
- Билансиран развој на земјоделството како претпоставка за рационано искористување на природните, човечките и финансиските ресурси
- Зголемување на капацитетите на системите за обука и тоа преку целиот професионален живот
- Подршка за преобразување на дел од малите земјоделски стопанства во пазарно ориентирани фарми
- Подршка за консолидација на стопанствата на млади фармери
- Диверзификација на стопанската дејност, пред се на малите стопанства
- Развој на селската ифраструктура-наводнување, борба со ерозија, подобрување на квалитетот на почвите и друго, со цел за зголемување на продуктивноста и заштитата на природните ресурси
- Формирање на групи на производители заради повисока економичност и прилагодување кон пазарните барања
- Подршка на вертикалната интеграција (примарно производство-индустрија)
Слично
