Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој ù се предаде на полицијата, моли за куќен притвор

Субрата Рој ù се предаде на полицијата, моли за куќен притвор
Индискиот бизнисмен Субрата Рој утрово е уапсен, откако сам им се предал на полициските власти во Лакнау. Полицијата од вчера го бараше Рој по потерницата од Врховниот суд, кој побара да се обезбеди присуството на индискиот бизнисмен на новото судско рочиште за милионската измама на ситни инвеститори за кои се сомничи во Индија. Рочиштето е закажано за 4 март и се очекува Рој до тогаш да остане во притвор. Барањето за негово приведување судот го издаде откако бизнисменот одби да се појави на претходните рочишта во Судот, со образложение дека мора да биде покрај болната мајка. Пред да се предаде утрово, Рој испрати извинување до судот, тврдејќи дека не го избегнувал апсењето ниту судските рочишта. Тој го замоли Врховниот суд на Индија да му дозволи да остане во куќен притвор, покрај болната мајка, до судењето. Но, за сега нема информации дека судот е подготвен да ја прифати молбата. Утрово судиите одбиле да расправаат и за барањето за ослободување со кауција, поднесено од Рој, со образложение дека „не е итно“. „Субрата Рој доброволно се предаде на полицијата во северниот индиски град Лакнау. Тој соработува со сите власти“, изјави синот на Субрата, Сееманто Рој на пресконференција во Делхи утрово. Полицијата дејствувајќи по потерницата од судот вчера не успеа да го најде Субрата Рој на неговиот имот во Лакнау. На полицајците им биле потребни повеќе од два часа да го пребараат целиот имот. Рој потоа со оопштение информираше дека „излегол на кратко за да се консултира со лекари и со неговиот адвокат“. Издадената наредба на Врховниот суд во Индија за апсење на бизнисменот Субрата Рој, нема да влијае врз текот на неговите инвестиции во Македонија, уверуваат од претставништвото на компанијата “Сахара Индиа Паривар” во земјава. Повеќе за плановите на индискиот бизнисмен во Македонија на следниот линк: Полицијата го бара Субрата Рој, тој не се откажува од инвестициите во Македонија!  
Слично

Поврзани вести