Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој се јави со оглас од Индија, најавува речиси 3 милијарди евра инвестиции во Македонија

Субрата Рој се јави со оглас од Индија, најавува речиси 3 милијарди евра инвестиции во Македонија
Со оглас на три страници во индискиот дневен печат,  „Сахара Индија Паривар“, групацијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој, најавува дека во бизнисот во Македонија во следните пет години ќе инвестира вкупно 2,7 милијарди евра. Како што пренесува „Дневник“, најголемиот дел од парите, односно 1,6 милијарда евра, ќе ги вложи во млечниот бизнис, а останатите во хотелски комплекс. Со огласот „Сахара груп“ всушност бара кандидати за високи позиции во нејзините бизниси во Индија и во странство. Во огласот групацијата најавува дека во текот на 2014 година ќе треба да се пополнат 56.000 работни места во Индија и во неколку странски земји каде што има сопствен бизнис, за што ќе вложи речиси 3,8 милијарди евра. Огласот, според „Хинду“, се однесува на работни места во бизнисот со млеко и со добиток, луксузни недвижности, фабрика за храна, одржување на домаќинството, образование и крстосувања. „Јавната објава на „Сахара груп“ медиумите во Индија ја толкуваат како изненадувачка бидејќи доаѓа во период кога компанијата на Субрата Рој води правна битка со индискиот државен регулатор за финансиска стабилност СЕБИ. Спорот се води пред тамошниот Врховен суд, за наплата на околу 2,4 милијарди евра на инвеститори со кои групацијата соработувала. Поради овој спор, индискиот суд ги замрзна сметките на „Сахара груп“, а на Субрата Рој му забрани да ја напушти земјата додека случајот не добие правна разврска. Сослушувањето за овој случај е закажано за 11 февруари“, пишува „Дневник“.
Слично

Поврзани вести