Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој останува во притвор додека не најде начин да ги врати парите

Субрата Рој останува во притвор додека не најде начин да ги врати парите
Врховниот суд во Индија одлучи да го задржи во притвор индискиот бизнисмен Субрата Рој и двајца директори од неговите фирми се додека не најдат начин како да им ги вратат парите на измамените инвеститори. Судот денеска го испрати Рој во затворот Тихар затоа што не бил задоволен од начинот на кој индискиот бизнисмен планира да ги обесштети измамените ситни инвеститори на кои се сомничи дека им должи четири милијарди долари. За време на сослушувањето, Субрата Рој го уверувал Судот дека ќе ги почитува насоките и побарал повеќе време за враќање на парите на инвеститорите. Најавил дека од денеска „Сахара груп“ ќе почне да го продава својот имот. Додека трае продажбата, компанијата ќе се обиде да даде банкарска гаранција за остатокот од износот што им го должи на инвеститорите. Рој од Судот бара уште една шанса и изјавил дека ако не успее со последниот напор, ќе се врати пред Судот и ќе ја прифати казната. Инаку денеска, додека пристигнуваше во судот, еден човек го испрска Рој со мастило на лицето. Тој се претставил како адвокат и еден од измамените инвеститори. Повеќе за тој инцидент на следниот линк: (ВИДЕО) Кој е човекот што го испрска со мастило Субрата Рој?
Слично

Поврзани вести