Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој ги скара партиите: СДСМ паничи, ВМРО ДПМНЕ прави малверзации?

Субрата Рој ги скара партиите: СДСМ паничи, ВМРО ДПМНЕ прави малверзации?
Опозициската СДСМ се сомнева во малверзации во договорите кои владата ги прави со Субрата Рој, владејачката ВМРО ДПМНЕ пак обвинува дека СДСМ ги минира инвестициите во државата Од СДСМ побараа на увид да излезат сите договори што се прават со контраверзниот индиски бизнисмен, а посочија дека владата пред да потпишува договор треба да почека да се расчистат сите сомнежи за финансиската состојба на индискиот  милијардер. Опозиционерите истакнаа дека ќе ја поздрават секоја инвестиција што вистински отвора работни места, но се сомневаат на можни малверзации кога станува збор за Субрата Рој. „СДСМ инсистира пред Владата да му подари на Субрата Рој плодна земја, да одговори на прашањата кои се парцелите кои ќе му бидат продадени, колку чини земјата која ќе ја продаде Владата и која цена ќе ја плати Субрата Рој, како и меѓу другото зошто не се почека да се расчистат обвинувањата за криминал во Индија“, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој побара пред потпишување на договорите, Владата да го објави текстот на договорот.

Од СДСМ повикаа Владата да не влегува во нови, за нив сомнителни договори.

„Ако Субрата Рој ги излажал индиските инвеститори, која е гаранцијата дека нема да не излаже и нас, ако се има предвид дека влогот на Македонија е македонскиот бисер – Охридското езеро? Со евентуален неуспех, цената којашто ќе ја плати Македонија е огромна и од финансиски, и од социјален, и од еколошки аспект“, истакна Шилегов.

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ паничи

Од ВМРО – ДПМНЕ ги обвинија СДСМ дека креваат паника и истакнаа дека кога СДСМ била на власт воопшто не носела странски инвестивии, нешто што според нив,  сегашната владина политика го прави.
„Наше е да се бориме за инвестиции, а на крај одлуката е на инвеститорите. СДСМ со ваков однос само покажува дека продолжува со деструктивниот однос и празна критика кон што било“, стои во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата на власт, СДСМ има најмал кредибилитет да зборува за странски инвестиции.

„Такви во нивно време скоро и да немаше. Во времето кога СДСМ беше на власт Република Макдонија беше на дното на полето на странски инвестиции со речиси ниту една поголема странска инвестиција. Кога СДСМ беше носител на власта, Македонија беше заобиколувана од странските инвеститори. Тогашните влади не работеа ништо околу нивно привлекување во земјава. За каква корупција зборува Шилегов кога денес продажбата на земјиштето оди преку тендерска постапка, нешто што воопшто не постоеше додека СДСМ беше на власт“,соопштиваат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека СДСМ досега носеле само сиромаштија, наместо инвеститори.

Истовремено повторија од ВМРО-ДПМНЕ, Владата сега остварува и се бори за секоја инвестиција која ќе отвори нови работни места.

Слично

Поврзани вести