Субрата Рој ги продава луксузните хотели во Њујорк и Лондон!
Контроверзната Сахара Груп ги нуди на продажба најлуксузните хотели кои ги поседуваше изминатите три години — The Plaza и Dream Downtown во Њујорк и Grosvenor House во Лондон — на арапска бизнис фамилија за 1 милијарда фунти, тврдат извори кои биле сведоци на зделката, пишува The Times of India.
Фамилијата која е заинтересирана за хотелиерство понудила нешто над 10.000 рупии за три луксузни имоти од портфолиото на Сахара во Aamby Valley Mauritius, тврдат за весникот истите извори. Ако договорот се оствари, Сахара ќе добие 4.000 рупии или речиси три пати повеќе од инвестицијата која ја има вложено во хотелите, откако ќе го исплати долгот на Банката на Кина од речиси 1билион долари.
Европските агенти на пазарот со недвижности тврдат дека Сахара би била единствената компанија во светски рамки која би заработила толкава сума на средства од инвестиција вложена во хотелиерството откако започна финансиската криза во 2008. Основачот и лидер на Сахара груп, Субрата Рој е во преговори со кралски и бизнис семејства од средниот исток и Европа за продажба на хотели веќе два месеци тврдата истите извори кои ги цитира венсикот. The UK's Halkin Investments, кои го имаа поранешниот Пакистански премиер Шаукат Азиз на својот брод се главните советници на Сахара груп за Aamby Valley Mauritius.
Според пишувањата на весникот компанијата не одговорила на прашата упатени до нив. Сахара треба да ги отплати обврзниците за кои регулаторното тело тврди дека биле продадени спортивно на правилата. Безбедносниот и бордот за размени на Индија има поддршка и од Врховниот суд кој побара од сахара да ги врати парите, посочува весникот. Иако Сахара тврдеша дека го има вратено поголемиот дел од долгот сепак регулаторното тело не се согласи со таквите тврдења.
Grosvenor House, која има 494 соби и некогаш била дом на војводата од Вестминитер беше купена од страна на Сахара во 2010та од шкотската Royal Bank за 470 милиони фунти или 726 милиони долари. Во 2012та Сахара го купи Dream Downtown кој поседува 312 високо стилизирани соби и апартмани и The Plaza со 230 соби за близу 800 милиони долари. Кинеската банка на комапнијата и одобри кредит од 476,83 милиони долари за имотот во Лондон. Покрај ова истата банка има дозволено кредит од 465.850 долари за The Plaza и Dream Downtown. Кинеската банка константно се интересира за можните реперкусии врз Сахара од страна на индиското регулаторно тело. Врховниот суд побара од компанијата Сахара да ги врати сите пари со камата кои биле подигнати од инвеститорите кои ги искористиле обврзниците издадени од две групации вредни 24.000 рупии.
K. K.

Слично