Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој: Барав земја без корупција, ја најдов Македонија!

Субрата Рој: Барав земја без корупција, ја најдов Македонија!
Барав земја во светот која ќе биде без корупција за одржување на првиот фестивал и одлучив тоа да биде Македонија. Овој фестивал го започнуваме на 2. октомври, ова е меѓународен ден на ненасилството и ден на Махатма Ганди. Воедно, голема радост ми е што сум овде во градот на мајка Тереза. Јас лично бев многу близок со мајка Тереза. Прилично сум елоквентен, но во моментов не можам да најдам зборови со кои можам да ја опишам нејзината личност....изјави Субрата Рој на отворањето на фестивалот на мирот. Свое обраќање имаше премиерот Груевски, кој порача дека Македонците се заговорници на мирот. „Речиси нема држава која не чувствува предизвици и закани за мирот. Граѓаните на Македонија, како и нејзините претци имале прилика да ги почуствуваат последиците од отсуство на мирот, Нашиот народ отсекогаш го краселе одлики на мирољубивсот и воздржаност . Затоа имаме право да бидеме заговорници на мирот, како што е иницијативата Балканскиот мировен фестивал во организација на Субрата Рој од пријателска Индија. Господинот Рој и Сахара групацијата одлучија од овде да се рашири иницијативата за мирот, и ние сме им благодарни за тоа“ – изјави Груевски. На полупразниот плоштад се обрати организаторот на настанот, Индиецот Субрата Рој, кој со зборовите „Ве сакам сите од дното на моето срце“, на македонски јазик, ја поздрави публиката на плоштадот. „Барав земја во светот која ќе биде без корупција за одржување на првиот фестивал и одлучив тоа да биде Македонија. Овој фестивал го започнуваме на 2. октомври, ова е меѓународен ден на ненасилството и ден на Махатма Ганди. Воедно, голема радост ми е што сум овде во градот на мајка Тереза. Јас лично бев многу близок со мајка Тереза. Прилично сум елоквентен, но во моментов не можам да најдам зборови со кои можам да ја опишам нејзината личност. Секое човечко суштество се состои од две личности, надворешна и внатрешна. Внатрешната се однесува на љубовта и на мирот која ги поседува човекот. Често се мисли дека ваква иницијатива е да се поттикне мир меѓу земјите. Но, идејата е да се постигне идејата меѓу сите човечки суштества. Најмалата единка која постои во светот е едно мало семејство. Земјите во светот немаат свое лице. Лицето на една земја го претставуваат граѓаните на таа земја. Вечерва испраќаме порака за мир до секој човек, секое семејство, секој поединец кој сака мир на работното место. Некој ќе рече дека сум голем оптимист, но вечерва го избравме вистинското место да го одржиме фестивалот. Граѓаните на Скопје и Македонија со гордост ќе се сеќаваат на овааиницијатива“, изјави Рој.  
Слично

Поврзани вести