Субрата моли за денар повеќе
Хотелот Grosvenor House, икона на Лондон е објавен за продажба, откако сопственикот – првиот човек индискиот конгломерат Sahara, беше ставен зад решетки.
Консултантската компанија Deloitte соопшти дека е назначена за доверител на Sahara Grosvenor House Hospitality Ltd, која е сопственик на хотелот. Консултантската компанија Jones Lang LaSalle (JLL) ќе посредува при зделката.
Основачот на Sahara Субрата Рој беше ставен во затвор минатата година, откако не се појави на рочиштето во случајот за спорот со индискиот регулатор на пазарите на капитал. Регулаторот го обвини Рој дека не им вратил на инвеститорите крупна сума поради продадени незаконски обврзници на компанијата.
Судот му одреди кауција во износ од 1,6 милијарди долари. Тоа е и втората најголема гаранција во светот, определена некогаш, како и најголемата во Индија. За да ги собере парите, Рој се обидува да ги продаде своите хотели во светот. Во еден момент се пренесе гласина дека султанот на Брунеи сака да го стекне Plaza Hotel и Dream Hotel во Њујорк, како и Grosvenor House Hotel во Лондон.
Рој преговараше и со лоцираната во САД Mirach Capital за кредит, за кој гаранција требаше да се хотелите на групата во странство. Преговорите не резултираа со успех.
Доверителот на компанијата е назначен поради проблематичниот кредит на Bank of China за хотелот во Лондон. "Активностите за назначувањето на ресивер не ни пречат да продолжиме да работиме на рефинансирање на трансакцијата, но сега ќе мора да продолжи со согласност на доверителот", истакнуваат од конгломератот.
Хотелот Grosvenor House е со 494 соби и е раководен од Marriott International Inc. Ако дојде до продажба, очекувањата се тој да донесе повеќе од 470 милиони фунти - износот што Sahara го плати за него во 2010 година
Од JLL коментираат дека ќе преговараат со инвеститори од Блискиот Исток, Азија и САД за хотелот. "Овој тип средства не се појавуваат толку често на пазарот, па кога ќе излезе таква можност, интересот е обично голем, особено поради интересот околу промената на сопственоста", наведува Марк Винг-Смит, главен извршен директор на групата на компанијата за туристичкиот сектор и хотелите.
K.K.

Слично