Ставревски: Утре започнува расправата за Буџетот за 2013 та
Министерот за финансии Зоран Ставревски најави дека утре започнува расправата за Буџетот за 2013 та година и соопшти дека партиите од опзицијата поденле, досега , рекорден број на амандмани.
“Буџетот од утре во парламентот, најпрво ќе биде во матичната комисија . Најавени се рекорден број на амандмани, повеќе од 1220 а според структурата на амандманите , речиси сите се однесуваат на локално ниво . Од СДСМ има 528, а Изет Зекири поднесе 460 амандмани, и како што реков сите се однесуваат на локално ниво односно се наменети за гласачите. Но буџетот е реално проектиран, обезбедува социјална заштита и доволно пари за земјоделците како и капитални инвестиции за подршка на стопанството. На приходна страна останавме земја што не ги зголеми даноците и овозможи да се зачуваат работните места“
Слично
