Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стунарас: Ќе ја добиеме следната транша помош во ноември

Стунарас: Ќе ја добиеме следната транша помош во ноември
Грција смета дека ќе ја добие следната транша од помошта од ЕУ и ММФ во ноември годинава, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас. Тој ja окарактеризира како позитивнa посетата на Грција од страна на германската канцеларка Ангела Меркел, чија земја е најголем кредитор на Грција. Меркел ги поддржа напорите на грчката Влада за намалување на дефицитот и спроведувањето на реформи, но не прецизира кога Грција ќе ја добие следната транша, велејќи дека се уште не е подготвен извештајот на експертите од „тројката“ (ЕУ, ЕЦБ и ММФ). Грција постигна видлив и значителен напредок во спроведувањето на потребните реформи, но има уште многу работа, изјави и претседателот на Европската централна банка Марио Драги. Државниот долг на Грција во 2013 година ќе достигне 181,8 проценти од Бруто домашниот производ, што налага ревизија на плановите за финансиско заздравување на земјата, велат од ММФ.
Слично

Поврзани вести