Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студот ја зема првата жртва на Балканот

Студот ја зема првата жртва на Балканот

Температурите на Балканот сеуште под нулата. Студениот Артички бран кој владее на овие простори, ја однесе и првата жртва во Србија.

75-годишен маж од општината Дољевац, чие семејство го пријави како исчезнат во понеделникот, е пронајден мртов. Старецот, кој страдал од сенилна деменција, е пронајден на локален пат во атарот на неговоот село, а според првите наоди, починал од измрзнување.

Хидрометеоролошкиот институт на Србија за денеска прогласи жолт метеоаларм во Бачка, Банат, Срем, Белград и делови од Источна, Југоисточна и Југозападна Србија.

Од таму најавувуваат  дека утре ќе биде објавен црвен метеоаларм, бидејќи се прогнозира дека ќе биде екстремно студено,  а температурата ќе  падне  до -20 степени.


Снегот и студеното време предизвикуваат проблеми во сообраќајот и во Хрватска пред се, во реоните на Лика, Горски Котар и во делови на Славонија и Далмација. Поради наносите на снег и натаму е забранет сообраќајот за камиони со приколки на дел од автопатот Ријека – Загреб.

Во Сплит денеска е измерена најниската температури во овој период од годината во последните 70 години, а во Загреб – во последниве 120 години.

Во Хрватска денеска најниска температура од минус 17 степени е измерена на Биоково и на Сљеме, а во Гослиќ од минус 15 степени. Во Загреб утрово беше минус осум степени, а во Сплит минус четири.

Слично

Поврзани вести