Студот ја зеде првата жртва на Балканот
Поради студеното време почина еден планинар во Романија.
Властите соопштија дека 22-годишен планинар починал од хипотермија во болница во централна Романија.
Портпаролот на болницата во Сибиу информира дека планинарот бил донесен во бессознание со тешка хипотермија и срцев удар.
Раководителот на планинарските спасувачи Сабин Корне изјави дека никој не очекувал такво „сурово и турбулентно време“.
Температури под нула степени Целзиусови денеска се регистрирани на многу места во земјата.
Романските синоптичари објавија дека утринава во градот Миеркуреа Чук, е регистрирана температура од минус 3,8 степени Целзиусови. За утре најавуваат уште постудено време.
Овој студениот бран е невообичаен за Романија во овој период од годината.
