Студијата за изводливост ја потврди економската стабилност на проектот „Иловица“
Еуромакс Ресоурцес ja објави Студијата за изводливост (СИ)за наоѓалиштето на злато и бакар во Иловица, Македонија, кој е во 100% сопственост на компанијата. Студијата за изводливост (СИ) на проектот за изградба на рудникот за злато и бакар во Иловица покажува попрецизно одредување на трошоците,значајно намалување на капиталните и оперативните трошоци и последователно зголемување на внатрешната стапка на поврат.
Во поглед на финансирањето, Студијата за изводливост (СИ) покажа нето вредностод 513 милиони американски долари пред оданочување и нето сегашна вредностод 440,1 милиони американски долари по оданочување. Првичнитекапитални трошоци за проектот, според СИ се проценети на 474,3 милиони американски долари, вклучувајќи ги и непредвидените трошоци. Прилагодените оперативни готовински трошоци се дефинирани од Светскиот совет за злато на 200 долари/унца и вкупнитрошоци од 372 долари/унца. Проценките се направени врз основа на предвудивањата за долгорочни цени од 1220 долари/унца за злато и 2.90 долари/фунта за бакар според консензусот на аналитичарите.
Истовремено,Владата на Република Македонија, согласно регулативите,донесе одлука за доделувањеКонцесија за експлоатација на Еуромакс Ресоурцес на локалитетот „Иловица“ општина Босилово и општина Ново Село. Концесијата е доделена на период од 30 години.
Според СИ, вкупно измерените и означени ресурси од 256 милиони тони сулфиден материјал содржат 2,6 милиони унци злато со просечна содржина од 0,32 грами/тон злато и 1.208 милиони фунти (548 илјади тони) бакар со просечна содржина од 0,21% бакар. Покрај тоа,според СИ вкупно докажаните и веројатните резерви на минерали изнесуваат198,1 милиони тони кои содржат2,01 милиони унци злато со просечна содржина од 0,32 грами/тонзлато и 898,9 милиони фунти (408 илјади тони) бакар со просечна содржина од 0,21% бакар.
Животниот век на рудникот според СИ ќе изнесува 20 години, а годишниот капацитет е 10 милиони тони. Просечното годишно наплатливо производство е проценето на 83.000 унци злато и 16.000 тони бакар. Според СИ, просечните искористувања при подготовка изнесуваат83,3% за златото и 81,3% за бакарот. Процесот се состои од флотација до концентрат на бакар и злато и производство на получисто злато преку круг на лужење на прочистена јаловина и конвенционален површински коп со коефициент на раскривка од 1:1.
На изработката на СИ работеше стручниот тим на Еуромакс Ресурсис заедно со стручни компании:Ејмек Фостер Уилер (AmecFosterWheeler - AFW) - постројка за подготовка на минерални суровини и инфраструктура и целосна координација на извештајот, Тетра Тек (TetraTech) – геологија и ресурси, ДМТ (DMT) – Експлоатација, Голдер Асоушиејтс (GolderAssociates) - животна средина,хидројаловиште, во соработка со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Шламберже Уотер Сервисис (SchlumbergerWaterServices - SWS) - хидрологија и хидрогеологија, води.
Коментирајќи ги резултатите од СИ, Пат Форвaрд, главен оперативен директор, изјави: „По една година интензивна работана терен и работење со нашите различни партнериво студијата,ниесме среќни што „Иловица“сé уште се истакнува како стабилен проект. Имавме можност да ги постигнеме сите главни цели на студијата, вклучувајќи подобрувања во класификацијата на минералните ресурси и резерви, подобрување на текот на процесот, проценка на трошоците до +/- 10% и подобрено ниво на проектирање. Капиталните и оперативните трошоци се оптимизирани во новата студија, со што се обезбедува одлична основа за спроведување на проектот“.
Со завршувањето на СИ, компанијата ќе го продолжи развојоткон почеток изградба на проектот „Иловица“, што е предвидено за третиот квартал од 2016 година. Истовремено соразвојот на елементите за кои е потребен подолг временски период,деталното проектирање ќе вклучува ианализа на вредности насочена кон понатамошна оптимизација на проектот, паралелно со назначувањето на изведувач за проектирање, набавки и изградбаво текот на периодот до изградбата.Продолжува и работата на обновената Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти („СОВЖС“). Националната Студија за оцена на влијанијата врз животната средина, која е веќе одобрена, се проширува за да ги вклучи барањата за изведба на Европската банка за обнова и развој иусогласувањата со принципите Екватор. Паралелно, компанијата работи на главниот рударски проект кој претставува последно барање според Законот за минерални суровини на Република Македонија за да се добие дозвола за градба.
Со вработувањето на Алан Бејкер,неодамна назначен зазаменик претседател, раководител на проекти изградба, Еуромакс го започна процесот на вработување на клучниот персонал потребен да ја надгледува изградбата на проектот„Иловица“.
На 3.ноември минатата година,Еуромакс договори и потпиша втор анекс на купопродажниот договор за злато со Ројал Голд. Потпишувањето на вториот анекс овозможи дополнително повлекување на 3,75 милиони американски долари од Ројал Голд според купопродажниот договор од ноември. Вториот анекс е поставен на SEDAR. Компанијата очекува од Ројал Голд да ги повлече останатите 3,75 милиони американски долари од втората транша според купопродажниот договор за златосо исполнувањето на условите од вториот анекс во текот на првиот квартал од 2016 година.
Еуромакс направи значителен напредок во однос на финансирањето на проектот објавено на 1.мај 2015 година. Сосиете Женерал С.А. (SociétéGénérale S.A.) и Јуникредит Бенк АГ (UniCredit Bank AG),кои се ополномоштени водечки банки за подготвување на обезбедените финансиски средства за проектот во вредност од 215 милиони американски долари и нивните консултанти ја завршија посетата на локацијата во октомври 2015 година.Тие се во процес на завршување на нивната длабинска анализа што опфаќа технички извештаи, извештај за животната средина и социјалните аспекти,вклучувајќи ги резултатите од СИ.
Коментирајќи за резултатите од СИ, Стив Шарп, претседател и главен извршен директор, изјави: „Резултатите од Студијата за изводливост ја покажуваат економската оправданост на проектот „Иловица“. Иако многу нови и големи проекти низ светот привремено се прекинати како одговор на неодамнешниот пад на цените на металите, ние веруваме дека сега е идеално време за градење, со цел да се искористи веројатно очекуваниот недостаток наснабдување со метали. Веруваме дека не само што смедобро поставени да профитираме од секое подобрување на цените на металите, туку исто така, со намалените оперативни трошоци на ниво до 200долари/унца,ние сме подеднакво добро подготвени да ја издржиме секоја долготрајна слабост на пазарот, задржувајќи го позитивниотпариченпроток. Со животен век од 20 години, ова е значаен проект за Македонија кој може да го зајакне економскиот профил на земјата. Огромната поддршка која продолжуваме да ја добиваме од сите чинители ни овозможува цврсто да се движиме кон нашата поставена цел за започнување на изградбата кон крајот на оваа година.
На 8. декември 2015 година, Еуромакс потпиша писмо за намери за откуп на произведен концентрат на бакар и златосо „Аурубис“, што во принципбешеклучен условна Планот за гаранција на заеми на германската влада (UFК) за добивање начелна подобност вомај 2015 година. Раководството ја смета подобноста за UFК како значаен чекор кон обезбедувањето финансирање за проектот, бидејќи тоа на Еуромакс му овозможува да користи привлечни услови за обезбедувањето финансиски средства за проектот. СИ ги вклучува условите договорени со Аурубис. Освен тоа, потпишан е договор и со Катерпилар Фајненшл (CaterpillarFinancial) за финансирање на опрема во вредност од 25 милиони американски долари.
