Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентскиот пленум со штанд ќе собира донации за поплавените

Студентскиот пленум со штанд ќе собира донации за поплавените
Штандот е поставен на ул. Македонија кај спомен куќата на Мајка Тереза, каде ќе се собираат донации за поплавените семејства од вчерашното невреме во Тетовскиот регион. „Ги повикуваме сите колеги, доброволци и граѓани кои сакаат да помогнат во собирањето и преносот до Општина Тетово да бидат во 17 часот таму“, велат од Студентскиот пленум. Потребни се: вода, облека, конзервирана храна и лекови. Инаку, во вчерашното невреме најкритично беше во тетовскиот регион, каде во водената стихија загинаа четири лица, а по двајца се уште се трага.
Слично

Поврзани вести