Студентскиот пленум одбива да биде експеримент
Студентскиот Пленум преку поддршка на СОНК, вчера ги поддржа средношколците и просветните работници кои одбиваат да бидат експеримент.
„Студентскиот пленум најдобро го познава игнорантскиот однос на власта за образовните политики, кои се темелат на наметнати недоволно анализирани решенија, од кои се исклучени сите засегнати страни. Студентскиот пленум ја поддржува битката на просветните работници за остварување на нивните права и битката за квалитативно подобрен образовен систем, наместо куп администрација и квантитативно лоши решенија!“, велат од Студентскиот пленум.
Слично
