Студентскиот пленум бара да бидат ослободени приведените студенти
Како што објавивме, синоќешниот исход од ескапалцијата на судирите во центарот на главниот град е 13 привидени лица.
Меѓу нив има и студенти , а од Студентскиот пленум побараа нивните колеги и другари, од кои на социјалните мрежи кружат фотографии дека се меѓу приведените да бидат ослободени.
Студентскиот пленум посочува дека тие се насилно и брутално приведени од страна на полицијата.
„Ова се луѓе кои со своето знаење, доблест и храброст се истакнале во борбата за поправедно општество. Непредизвиканиот насилен однос од полицијата и третманот како хулигани нè убедува уште посилно и погласно да бараме правда во нашата држава!
Бараме истите итно и безусловно да бидат пуштени, а виновните за пречекорувањето на полициските овластувања да бидат соодветно санкционирани“, стои во пораката на Студентскиот пленум!
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Ew-e9aBuK04[/embed] ВИДЕО-ФОТО: Фејсбук профил на Студентски пленум