Студентскиот марш во Скопје –студентска гордост! Прилеп подлегна на притисоците!
Вториот протестен студентски марш во Скопје докажа и покажа дека студентскиот активизам постои. Студентите велат иницираа, а граѓаните подржаа една идеја за солидарност, слободна мисла и демократско делување. Додека скопските улици беа претесни да ги соберат илјадниците студенти, универзитетски професори , средношколци,пензионери, солидарни граѓани, а реката од луѓе беше предолга за да може да се собере во еден кадар, во Прилеп сосема поинаква слика. Дел од студентите велат дека се разочарани што иако многу нивни колеги биле против идејата за воведување на државни испити на факултетите, вчера останале само неми посматрачи на протестниот марш низ прилепските улици.
Ѓорче Мечкароски е студент во трета година на Економскиот факултет во Прилеп. Тој разочаран од реакцијата и излезноста на прилепските студенти и граѓани на својот ФБ профил напиша:
Скопје МАСОВЕН, натпартиски, натнационален, СТУДЕНТСКИ марш, исто и Битола иако не толку масовен... Што во Прилеп? Заклучени средношколци, еден куп кафепијачи, уште повеќе уплаќачи на спортска, незаинтересирани, уплашени(а демек живеат во најреволуционерниот град на Македонија). Од денес и официјално СЕ СРАМАМ што студирам овде!!!
Мечкароски е Стружанец кој своето високо образование го продолжил во Прилеп. Еден е од најактивните учесници и подржувачи на Студенсткиот пленум и неговото делување. За Фактор вели дека е разочаран што вчерашниот студентски марш го подржале малкумина студенти и солидарни граѓани.
Според него, оваа битка не е инстантна мерка на студентите да го покажат своето незадоволство, туку начин да им се покаже на надлежните дека местото на студентот е во академската заедница каде треба и мора да се чујат неговите ставови и идеи. Многумина според Мечкароски не сакале да си го расипат комформизмот кој им следува како награда на “послушните”, па затоа не излегле рамо до рамо со своите колеги. Дел од студентите, вели, не сакале да бијат туѓа битка бидејќи новите реформи во високото образование не ги засегале нив, туку идните генерации. Трети додава, кои можеби биле и најбројната категорија биле спречени со закани и притисоци да не присуствуваат на протестниот марш.
[button color="red" size="medium" link="http://faktor.mk/2014/12/10/%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B5%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8/" target="blank" ]ВИДЕО[/button]
“Очигледно е дека имало притисоци и затоа ќе речам дека денешниот протест беше мизерен. Доста притисоци и заклучени врати имаше и кај средношколците, но не знам со каква цел. Она што можам да го кажам е дека Прилеп со ваква младина и ваква власт нема некоја иднина. Јас сум стружанец кој овде студира и сум сигурен дека Струга да беше факултетски град ќе беа полни улиците. И нормално, поголем дел не поддржаа, другите беа неми гледачи.Причината зошто надлежните сакаат да воведат ваква реформа во високото образование на никој не ни е јасна.Последиците според мене би биле уште помасовно иселување на младите од државата без разлика од резултатите на тие државни испити. Не сакам финансирањето на нашите родители да падне во вода.Студентите и сегашните и идните се иднината на оваа држава и затоа не треба да сопре активизмот и енергијата со која студентите го кажаа своето гласно “НЕ” против лошите реформи во образованието. Би сакал и во понатамошната борба да не поддржат и професорите,затоа што јас сум она што некој ме научил да сум. Ако не успеам јас,не успеваат ни тие!” – вели студентот Ѓорче Мечкароски.
Тој додава дека она што јавноста го виде низ скопските и битолските улици беше вистинско задоволство и гордост за секој студент. Ѓорче ги подржа своите колеги на првиот студентски марш на 17-ти октомври во Скопје, а на вториот решил да биде дел од прилепското движење бидејќи тука ги почнал своите студии.
Вели дека оваа студентска сплотеност и солидарност која ја докажаа студентите е пример за сите нивни колеги од другите градови низ земјава, како треба да делуваат и да се борат за своите права. Малата излезност на студентите во Прилеп во кој дел поради лични или колективни убедувања, а дел поради притисоци не излегле да ги подржат студентите докажува дека стравот и несигурноста надвладеале. Но од друга страна, потенцира, дека оние студенти кои јасно и недвосмислено го искажале својот став покажале дека бескомпромисно ја вардат чистотата на својот статус и зад нив нема политичка партија, невладина организација, која би можела да се наметне како ментор или лидер на независното студентско движење. Енергијата на студентите, вели Мечкароски е ослободена од таквите влијанија и не дозволува поединци или групи да се наметнат како спроводници на партиски агенди.
“ Сите сме свесни за тоа, но целта на студентскиот активизам и она што треба да биде мотив и порив на секој студент е јавно и јасно да го искаже својот став а не да молчи и да чека друг да се бори во негово име. Во Прилеп за жал се покажа дека надвладеа стравот и несигурноста”-додава Ѓорче Мечкароски.
Тој потенцира дека вториот студентски марш кој покажа дека е мирен, надпартиски, наднационален, ја докажа својата суштина и значење. Иако малубројни, прилепските студенти подржани од солидарните граѓани маршираа против воведувањето на државен испит во високото образование. Мотивирани и поттикнати од бројноста и сплотеноста на нивните колеги во Скопје, очекуват дека надлежните конечно ќе реагираат и ќе го повлечат предлог решението, за кое според студентите, надлежните досега не успејаа да најдат логично образложение за потребата од негово донесување.
Вчера, нагласува студентот по економија, студентската иницијатива покажа дека не се потчинува на политичката волја на надворешни структури и застанува единствено во одбрана на интересите на студентите и на универзитетот.
Со колективна казна нема позитивни реформи во образованието!
Од Студентскиот пленум сметаат дека надлежните доколку сакаат да го подобрат квалитетот во високото образование и доколку знаат на кои факултети лесно се стигнува или се купува диплома, треба уште еднаш преку Одборот за акредитација и евалуација да ги разгледаат акредитациите што им се дадени на факултетите и универзитетите и нивните студиски програми. Според студентите ако некои високообразовни институции не си ја работеле доследно и професионално својата работа, надлежните се тие кои треба да одлучат да ги санкционираат или укинат. Тие порачаа дека им е доста од, како што наведуваат, експериментите со коишто само во последниве неколку години се воведени десетина измени и дополнувања на Законот за високо образование. Од Пленумот очекуваат дека за предложеното решение за државен испит власта ќе ги покани на дискусија на која директно ќе им ги пренесат јасните и аргументирани ставови за повлекување на идејата.
Студентите во барањата кои ги образложиле на шест страници и ги доставија до Владата, ја надградуваат својата аргументација зошто оваа мерка е неприфатлива. Владата според нив, сеуште не посочува релевантни анализи на проблемите во високото образование што е суштински важен чекор пред воведување на ваква, како што наведуваат, проблематична мерка.Надлежните, потенцираат студентите, не покажаа напор да дискутираат со студентите. Дополнително, предлог мерката е во спротивност со концептот автономија на универзитет, постапката за номинирање членови во Одборот за акредитација и евалуација е во спротивност со принципот на автономија, необразложена е потребата за измени на составот на Одборот, потоа Министерот ќе одлучува за посебните услови за начинот и постапката за изведување на државниот испит за студенти, а сеуште е нејасен и начинот на подготовка на државниот испит. Меѓу другото, подвлекуваат студентите, надлежните предвиделе и вклучување на втор и трет циклус студии во опсег на мерката, а посебно треба да се разгледува и доследната примена на системот за акредитација и реакредитација како механизам за осигурување на квалитет.
Студентскиот пленум не запира!
Активностите, велат од Пленумот не запираат тука. Студентското движење веќе во петок подготвува трибината на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ –на која ќе биде дискутирано за честите измени на законот – причина за лошиот квалитет на високото образование.
[box type="success" align="aligncenter" ]Заработете тргувајќи со цените на акциите на Microsoft и другите светски компании на светската берза[/box]

Слично