Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТ: „Ние не ве гласавме во 03 часот наутро!“

СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТ: „Ние не ве гласавме во 03 часот наутро!“
Студентскиот пленум уште еднаш излезе гласно да каже „НЕ“ за реформите во образованието, Во единаесет часот студентите повторно излегоа на протест пред Законодавниот дом, каде за денеска на пленарна седница закажани е гласање  на Законот за високото образование кој предвидува и воведување државен испит. Седницата на која што треба да се изгласаат измените на Закон за високо образование е најавена за 11 часот, а е ставена на дневен ред како 34-та, од вкупно 36 точки. Стотина припадници на Министерството за внатрешни работи, меѓу кои поголем дел од посебните единици, од утрово се стационирани пред службениот влез на Собранието и крај Домот на АРМ со цел  да го обезбедуваат законодавниот дом за време на најавениот мирен протест на Студентскиот пленум, кој ќе се одржува паралелно со дебатата на пратениците за образовните реформи. Студентите не потенцираа колку ќе трае денешниот протест. На денешниот протест кој е насловен „Пратениците го трчаат почесниот круг“ најавено е дека студентите ќе ги пречекаат пратениците пред Собранието на Македонија со црвени маратонски ленти за трчање, како симболичен израз на последната трка, односно пленарната седница на која треба да бидат изгласани реформите во високото образование. Претставници и на Студентскиот и на Професорскиот пленум велат дека ако законот биде усвоен, тие ќе започнат поинаков начин на протест како кампување пред универзитетите и одржување настава на отворено. Се најавува и можна иницијатива до Уставниот суд на Македонија. И професорите и студентите се убедени дека овие реформи длабоко задираат во универзитетската автономија и нивните основни права.
Слично

Поврзани вести