Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентски пленум: здружени сили можат да го урнат молкот на власта!

Студентски пленум: здружени сили можат да го урнат молкот на власта!
Состојбата во средните училишта стигна до точка на вриење. Средношколците стануваат се поединствени во своите ставови и бојкотот на наставата, дел од наставниците и директорите пак уште поупорни да ги преубедат да се вратат на редовна настава и да заборават на реалните образовни проблеми. Во пресрет на третиот средношколски марш  в четврток учениците од средните училишта добиваат отворена подршка од  студентите, професорите, наставниците, родителите, граѓаните. Алармот го вклучи бојкотот на наставата кој се реализира веќе трета недела и сеуште игнорантскиот однос на институциите кон Средношколскиот пленум. Студентите ја поздравуваат идејата на учениците од средните училишта за уште еден протестен марш  до надлежното министерство, бидејќи како што велат здружувањето на на силите е она што ќе ги сруши штитовите изградени од молк на надлежните институции, а  гласот и јачината на сплотените грла ќе бидат доволни за молчешкум да ги повлечат нивните лоши реформи донесени без консултација и анализа. “Средношколците веќе го надминаа стравот и покрај сите притисоци. Не треба да се заборави дека благодарение на министерот и игнорирањето на Владата , ситуацијата ескалираше и средношколците ги напуштија своите клупи и традиционалната настава ја заменија со алтернативна Ќе се најде начин за надокнадување на наставата. Не може сите да ги избркаат од училиште или сите да повторуваат година. Средношколците покажаа дека немаат страв, бидејќи тие со самиот бојкот и претходните два марша докажаа дека се храбри и истрајни во својата намера и барања”- вели Деа Здравковска од Студентскиот пленум . Борбата на средношколците која наликува на онаа која со месеци ја водеа студентите е проследена со  притисоци и закани. Но ова според студентите треба да биде мотив повеќе да се делува уште посамоуверено, бидејќи е доказ дека нешто не е во ред и треба да се промени. “Бидејќи често се прави паралела помеѓу нашите постапки во минатото со оние акции што денеска ги превземаат средношколците, ќе си дозволам да се навратам на моментите кога во ек беа нашите проблеми и нашата борба. Ќе почнам со нашите два студентски марша и протестот после нив. Тие беа крикот на незадоволството на студентите. Дадовме до знаење дека не спиеме, дека будно следиме што се случува во и околу нашата академска средина и дека нема да дозволиме никој да си поигра со нас. Но, бевме свесни дека мирното марширање на над 10.000 студенти може да не вроди со плод и дека законот може да биде изгласан знаејќи со какви тврдоглави луѓе си имаме работа, што впрочен и се случи. Затоа целиот тој чин на ослободување на факултетите и прогласувањето на „Автономна Зона“ беше план на кој се работеше уште од самиот почеток и само се чекаше на моментот кога ќе бидеме приморани да го превземеме и тој чекор. И на крајот успеавме да го добиеме тоа што го баравме. Затоа кога гледам дека средношколците чекорат по речиси истите патеки како и ние, цврсто сум убеден дека и тие  ќе излезат како победници од оваа битка и дека ќе се изборат за своето право за подобро образование. Впрочем, за мене не е прашањето колку на овие „забетонирани“ ставови од надлежните ќе им се наметнат аргументите од средношколците, туку кога тие бетонски структури ќе попуштат под притисокот на средношколскиот бунт”-вели - Горјан Атанасов, студент на Факултетот  за Драмски Уметности. Маршот на подршка кој ќе го реализираат студентите  в четврок,  според него е последователна реакција на сите настани и незадоволство  кое е изразено во скоро сите сектори во образовниот систем. Протестираа студебти, професори, наставници, средношколци...кој остана?-прашуваат студентите. “Најпрвин би сакал да напоменам дека ова не е паралелен марш туку студентски марш за поддршка на сите барања на средношколците, идеја до која што дојдовме после подолго време следење на активностите на Средношколскиот пленум. Како што минува времето и средношколците од ден за ден продолжуваат со бојкотот и со упорноста за да бидат пред сè слушнати од надлежните институции а потоа и прифатени нивните барања, така сè повеќе ние како студенти се пронаоѓаме во нивната борба и знаеме колку нам ни значеше поддршката која ја добивме и од нив и од останатите граѓани. Затоа веруваме дека токму ваквото здружување на силите е она што ќе ги сруши штитовите изградени од молк на надлежните институции и дека гласот и јачината на сплотените грла ќе бидат доволни за молчешкум да ги повлечат нивните лоши реформи како што впрочем и ги воведоа”-додава Горјан Атанасов од Студентскиот пленум. Преговорите  помеѓу работните групи на МИнистерството за образование и на УКИм во која има претставници на Студентскиот пленум  сеуште трае. Студентите  по неколку месечни протести и реализирање на автономна зона на факултетите заедно со своите професори  успејаа да постигнат договор  и на заедничка маса да издејствуваат да се чујат нивните ставови. СЕпак велат работите несмеат да се остават на случајност, па оттука будно се следат сите чекори до носење на нов Закон за високо образование. “З ада знаеме да напишеме збор, реченица, текст, треба да ја знаеме азбуката. Истото сеслучува и со законите. Моментално сме во првата фаза од изготвувањето на законот. Пред да се напише еден закон, првенствено, потребно е да се има концепт. Работнатагрупана УКИМ го има напишано концептот и е доставен до МОН. Се очекува одговор од нивна страна”- вели студентката  Деа Здравковска од Природно математички факултет . Од Студентскиот пленум им порачуваат на  надлежните да ги слушнат барањата на средношколците, но велат  се плашат  дека конструктивните предлози до нив не допираат, па веројатно и оваа порака нема да биде чуена. Од друга страна  средношколците  треба да продолжат да се борат  за своите права, за подобар образовен систем за нив и за идните генерации. Според студентите прашање на време е  кога  средношколците ќе успеат  во реализирање на нивните барања, но без  притоа  да  ги изгубат духот и енергијата.
Слично

Поврзани вести