Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентски пленум: Заборавете дека политиките за високо образование ќе се носат без нас!

Студентски пленум: Заборавете дека политиките за високо образование ќе се носат без нас!
По извојуваната победа на Студентскиот пленум наспроти владините образовни политики, пленумците велат дека тука не застанува нивната борба за подобри услови за живот на студентите и квалитетот на образованието. Во нивното соопштение до јавноста, тие велат дека секое прашање за високото образование ќе биде отворено и будно ќе го следат. ,,Поучени од претходни искуства и свесни за политичките околности, знаеме дека авторитетите со кои преговаравме знаат да бидат превртливи и празни. Затоа порачуваме: заборавете дека политиките за високо образование ќе се носат без нас. Ние ќе следиме будно. Одбиваме да бидеме изманипулирани. Не сакаме одолговлекувања. Не сакаме лажни ветувања. Не се плашиме повторно да излеземе на улиците.”- стои во соопштението на Студентскиот пленум. Тие велат дека ќе продолжат со отпорот кон едноумието и пасивноста и затоа сакаат сите преговори да бидат водени пред очите на јавноста. ,,Не сакаме да завлегуваме во бирократски лавиринти. Победата треба да биде недвосмислена и јавна, бидејќи јавни беа и личните напади и жигосувањето. Пленумци не забораваат. Пленумци не простуваат.” – пишува во соопштението. На крајот додаваат дека ниеден фронт од битката не го затвориле и ќе продолжат да се борат за интересите на студентите ,,За сето ова, и за сѐ што е гнило, студенти, граѓани, разбудете се! Ниеден фронт не е затворен!” - Студентски пленум  
Слично

Поврзани вести