СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ ВТОРА СЕЗОНА: Младите нема да попуштат, добредојде за новите студенти!
Денеска започнува новата академската година. Студентскиот пленум ќе ги пречека своите идни колеги-бруцоши на платото на Универзитетот-онаму кадешто минатата година се роди новото автентично студентско движење кое ја разбуди младината и ги придоби симпатиите на илјадници граѓани, професори, ученици кои излегоа на неколку последователни протести за подобро и поквалитетно високо образование. Тие од своите почетоци мудро ја вардеа чистотата на својот статус и успеаа да се ослободат како независно движење од партиско-политички влијанија.
Пленумот велат студентите не се потчинува на политичката волја на надворешни структури и застанува единствено во одбрана на интересите на студентите и на универзитетот. Ова автентично студентско движење функционира по принцип на пленарно дискутирање за студентските проблеми, права и обрврски, здружено и транспарентно преиспитување на правилата и институционалните мерки што ги засегаат и солидарно спротивставување на политиките кои го загрозуваат нивниот општествен статус.
“За нашите идни колеги тоа е веќе позната територија бидејќи нашите маршеви за нивното подобро образование започнуваа токму таму, а тие секогаш беа дел од нашата сила и масовност. Токму таму започна идејата за солидарност која пак беше критувана со тажен обид да се разубеди пленумот да не ја продолжи својата борба преку тоа што беше нагласено дека измените од законот нема да не тангираат нас. Нас немаше кој да не пречека на нашите први денови и да ни каже со што ќе се соочуваме, од банални проблеми како неажурноста на сајтовите, битки со администрацијата, плаќање на ИКСА(која е незадолжителна) и ги полни џебовите на нелегитимните тела со истечен мандат, до уценување преку леглата во студентските домови кои пак имаат страшни услови за живеење. Адресирање на тие проблеми е клучен момент за сите студенти, бидејќи идејата за промена се случува само ако станеш активен дел од неа”-вели Сара Миленковска од Студентскиот пленум.
Младите вели ги поделија на привилегирани и етикетирани, послушни и бунтовни, ученици и изманипулирани, а целта беше да се надмине целата таа култура на поларизација на општеството. Една од искрите со која започна Студентскиот пленум според студентите е немањето со што да се идентификуваат, бидејќи креираа своја заедница која успеа да прикаже дека секогаш треба да се борат за она што им припаѓа - подобро и поквалитетно образование!
Слободата на говор, движење и дејствување според студентите не треба да бидат нарушени во ниедно општество кое сака да се нарече демократско. Студентите минатата година велат беа изложени на закани, притисоци и напади кои сеуште чекаат судска разврска.
“Дури месеци подоцна конечно се покренува постапка за упадот во читалната во бибилиотеката Браќа Миладиновци Дали станува збор за непрофесионалност или потреба од прикажување на моќ останува на самите граѓани да проценат, меѓутоа како што можевме да видиме на снимките од студентите во читалната тоа е нешто што никогаш не смееме да дозволиме да се случува во нашата држава. Студентите учат и по 11 часот, студентите учат за разлика од оние кои ја држат ,,моќта’’ и не го разбираат концептот на тоа дека секој има право на свој став и не треба да биде казнет поради истото. Молкот на одредени медиуми и одговорни личности за она што се случуваше во читалната се смета за соучество во настан кое создаде уште поголема недоверба помеѓу полицијата и граѓаните, уште попарадоксално е тоа што беа протести против полициската бруаталност, во чест на Мартин Нешковски”-додава студентката по право.
Некои настани нагласува Миленковска не треба да се заборават бидејќи претставуваат симбол за тоа кој е односот кон младите.
Со почетокот на академската година студентите најавуваат дека ќе продолжат со работа преку работните групи за креирањето на новиот Закон за високо образование, каде треба да се нагласи една од клучните функции на образованието, а тоа е велат создавањето на критичко размислување, образование кое создава функционални граѓани чија диплома ќе има вистинско значање. Уставно загарантираните права и научните околности, објаснуваат од Пленумот еднакво ќе важат и за идните студенти, а нивна обврска е нив доследно да ги сочуваат.
Студентскиот пленум порачуваат е платформа на која никој не е повикан да се потчини или да се наметне, туку сите студенти се повикани здружено и солидарно да разменуваат искуства, да спротивставуваат мислења, да ги бранат и унапредуваат своите права и слободи и да реагираат кога нивните интереси се загрозени или предизвикани од страна на било кој политички субјект.
С.Б.

Слично