СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ: Сосем случајно пред избори реформа која требаше да се донесе пред 10 години
„Ја поздравуваме реформата за која беа потребни 10 години да се донесе... Сосем случајно пред избори. Никола, да те потсетиме дека ние сме студенти, а не овци!“, вака од Студентскиот пленум за Фактор ја коментираат најавата на премиерот Никола Груевски дека од следната година, поточно од јануари студентите од државните универзитети ќе добијат бесплатен превоз.
Имено премиерот Груевски најави бесплатен превоз за студентите од државните универзитети и средношколска среда во која средношколците ќе имаат бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.
Двата проекти ќе стартуваат од први јануари, а бесплатен превоз нема да добијат вонредните студенти и студентите кои се запишани на некои од приватните универзитети.
Слично
