Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Студентски пленум“ обвинува за нетранспарентно трошење на парите на студентите

„Студентски пленум“ обвинува за нетранспарентно трошење на парите на студентите

Големи суми од буџетот на Студентскиот парламент се трошеле  неодговорно за телефонски сметки, забави, авионски билети и за плати на луѓе со истечен мандат, тврдат од „Студентски пленум“.

Тие денеска го прикажаа финансискиот извештај според кој СПУКМ располагал со 2.650.000 денари, од кои 136.676 денари биле потрошени за в.д. претседателот Кирил Спировски, чиј мандат во тој период бил истечен. Дополнително, велат дека плата земал и потпретседателот, и објаснуваат дека таква функција не постои во статутот на организацијата.

„Проблемот е што не знаеме на кој начин биле трошени парите. Понатаму, видовме дека телефонските сметки потрошиле 342.250 денари. Она што е многу интересно е дека 62.000 биле потрошени само за една телефонска сметка. Дополнително, имаме информации дека за авионски билети, за само девет лица, биле потрошени 263.000 денари. Патувале во Израел, Москва, Ерменија, Латвија, за семинар, академија, средба и за студентска посета. Би сакале да напоменеме дека ова несолидарно трошење на парите, кои можеле да бидат потрошени за други студентски потреби, и е една од причините зошто „Студентски пленум“ се бори против ова неодговорно, криминално тело“ – вели Теодора Столевска.

Од пленумот велат дека огромна сума била потрошена за забави, за кои била ангажирана приватна компанија.

Затоа сметаат дека Студентскиот парламент треба да биде дел од УКИМ, за да се контролира начинот на кој се трошат парите на студентите.

Слично

Поврзани вести