Студентски Пленум: „Јавната“ дебата во последен момент од Педагошки факултет преместена во МОН
Продолжува игорантскиот однос од страна на надлежните кон студентите во врска со изменските закони и воведување на државен испит на факултетите.
Имено, последната постапка најмногу ги изреволтира студентите кои велат дека несватлив за нив е односот на Власта која не ги повика на „јавната“ дебата како најзасегната страна .
Според Владимир Делов од Студентскиот пленум најсилното оружје на владата е избегнување било каква суштинска дискусија и оти дебатите се чиста формалност, а реформите се туркаат на мускули.
„Треба да бидат поканети сите они што се директно засегнати, затоа што на нив се однесува, тоа е судбина за студентите, така што се работи за нив, се работи за нас, се работи за нашата земја, затоа што образованието е стожерот на нашата земја, а без студенти да се донесуваат одлуки тоа е просто апсурдно“, изјавила професорката Синоличка Трпкова од Академијата за Драмски уметности за РСЕ.
Од Студентскиот пленум пред неколку минути соопштија дека јавната дебата околу државниот испит и другите мерки предложени од страна на Владата во која „ќе бидат вклучени сите засегнати страни“ која треба да се оддржи во Педагошкиот факултет во 14 часот денеска, во последен момент е преместена за во Министерство за образование и наука.
Тие нагласиле дека планираат со транспаренти да упаднат на „јавната“ дебата изреволтирани бидејќи воопшто не биле повикани како најзасегната страна во целата приказна околу воведувањето на државниот испит на факултетите.
