Студентски пленум: Гласот на студентите не познава политички и национални бариери
И покрај сите квази јавни дебати, свесно прекршување на законоите и целосното игнорирање на студентскиот пленум, како и на самите универзитети ние не се откажуваме, порачаа денеска од Студентскиот пленум.
Горан Таневски ги повика студентите да си го вратат образованието назад.
Ова е вистинскиот моментот кога треба да се искаже револтот, не само поради лошите реформи, туку затоа што сопствената држава без срам ги игнорира, истакна тој.
„Сопствената држава дрско ни се потсмева, невешто не заокружува. Да покажеме дека гласот на студентите не познава политички и национални бариери, да покажеме дека колку повеќе нас студентите не притискаат, толку посилни стануваме“, рече Таневски.
Тој ги повика сите да им се придружат на протестите, мирно и креативно, и без национални и верски одбележја, утре во 14 часот пред Влада на РМ.
