Студентски пленум: Доаѓа студентска пролет!
Продолжува окупацијата на дел од факултетите на УКИМ. Студентите се велат, спремни да издржат докрај, категорично и сплотено против според нив, лошите реформи во високото образование кои го донесоа целиот образовен систем до ова дереџе. Од Студентскиот пленум уште еднаш потенцираат дека ќе окупираат се додека не се исполнат нивните барања, односно додека не бидат вклучени во работните групи кои ќе бидат задолжени за изработка на новиот Закон за високо образование, но под јасно дефинирани услови. Децидни се дека не попуштаат во намерата да бидат активни чинители во креирањето на законите. Најавуваат вистинска студентска пролет!
“Планираме да продолжиме со окупирање на институциите кои природно ни припаѓаат нам, неисклучувајќи ја можност да се прошири оваа окупација на повеќе факултети. Начинот на кој носиме одлуки е по принципот на непосредна демократија. Одлуки од ваков тип ги дискутираме на големи глобални пленуми, каде секој студент да си го каже своето мислење и став. Идејата е дека изработка на нов закон ќе овозможи простор за решение за многу проблеми со кои се соочуваме во високото образование. Јасно ни е дека доколку сакаме да изградиме став за одредено прашања потребна е сериозна анализа. Дел ќе се потрудиме ние да ги обезбедиме, за дел ќе бидат потребни консултации со професорскиот пленум. Меѓутоа државниот испит беше капката која ја прелеа чашата полна со проблеми на студентите.Секако дека нема да застанеме само со државниот. Слободно може да кажеме дека доаѓа СТУДЕНТСКА ПРОЛЕТ ”-вели Иван Домазетоски од Студентскиот пленум.
Студентите ќе продолжат со реализирање на автономната зона на факултетите бидејќи според нив, ова е еден од сериозните начини да се испрати порака до надлежните за нивните аргументирани ставови и решителност . Тие заедно со професорите од пленумот, идејата за отворање на дијалог не ја гледаат само како процес на преговори, туку како работење за заедничка цел – закони кои соодветствуваат на македонскиот образовен систем и кои треба да донесат вистински реформи, а не реформи кои се неприменливи, штетни и противуставни.
И покрај фактот што пред околу десетина дена во Владата на експресно закажана средба лично од премиерот Груевски беше договорено процесот на изработка и донесување на пакетот закони од областа на високото образование да се реализира преку работни групи кои заеднички ќе работат на градење на квалитетен систем на високото образование до носење на нов закон, по само една недела министерот Адеми излегува со цврсти ставови и реторика дека власта нема да отстапи од идејата за воведување на контролни и правни механизми и построги услови и критеруми за професорите. Според студентите и професорите од двата пленуми, ова само го поткопува процесот пред тој да започне и дополнително ја зацврстува недовербата кон институциите на системот.
“Она што исто така за нас е неприфатливо е и следниот дел од изјавата “нема да се повлечеме од појаки критериуми за професорите, нема да се повлечеме од контролни механизми за проверка на знаењата на студентите. Дали тоа ќе биде државен испит, дали ќе биде некоја друга форма, меѓутоа мора да има правни механизми кои ќе ги проверуваат знаењата на студентите.” Да го потсетиме министерот дека механизми за проверување на знаењата на студентите мора да се во согласност со принципот на автономија, односно компаративно не е позната ваква практика на државна интервенција во делот оценување, кој според истиот принцип е строго во надлежност на Универзитетите.Игнорирање на окупацијата или несфаќање на сериозноста на чинот, како и неисполнување на поставените барања, само дополнително ја зголемува нашата скепса кон можноста за постигнување на долгорочно решение кое ќе ги унапреди состојбите во високото образование”-нагласува Иван Домазетоски од Студентскиот пленум.
На петтиот ден од окупацијата студентите се поорганизирано ја следат алтернативната настава, проекциите, настапите на нивните колеги и професорите. Велат, ова е уште една можност да испратат порака до надлежните и оние кои не успејаа да разберат зошто студентите се одлучија на ваков чекор. Знаењето и креативноста потенцираат од Пленумот, неможе да се оцени со неколку прашања,бидејќи е процес темелен на многу труд и енергија.
“Постојат огромен број нелогичности кои ние во периодот од најавувањето на измените на Законот па се до сега константно и ги представуваме и презентираме на јавноста и во неколку наврати на Министерстовото за образование и наука и Владата. Како едни од главните аргументи е наршувањето на уставнозагарантираната автономија на универзитетите, потоа косењето на, конкретно државниот испит, со Болоњскиот систем. Исто така сметаме дека знаењето кое студентите треба да го добијат на факултетите не треба да биде мерено со неколку прашања одговорени со а,б,в,г,д. Ние го баравме ова одложување затоа што ни дава период во кој што Студентскиот Пленум заедно со Професорскиот Пленум, УКИМ и МОН би учествувале во изготвување на комплетно нов Закон за високо образование, а со тоа би го подобриле самото високо образование”-додава студентот Домазетоски.
Студентскиот Пленум од самото свое постоење добива неизмерна подршка не само во домашен контекст туку и од студенти и студентски движења низ светот кои ги подржуваат во оваа борба. Оттаму велат дека во нив многумина ја гледаат искрената и чиста борба за подобро образование но и градење на подобра иднина за младите.
“Писма со подршка, видеа и слики секојдневно пристигнуваат до нас. Но не зборуваме само за декларативна поддршка. За време на окупацијата, граѓаните донираа се она што ни е потребно за да можеме да ја одржуваме Автономната зона во полна пареа. Немаше да бидеме вака успешни без ваква поддршка. Благодариме искрено!”-велат од Студентскиот пленум.
Тие велат дека окупацијата на факултетите ќе трае се додека постои незадоволството помеѓу студентите и професорите кои се децидни дека нема да прифатат да учествуваат во создавањето слика на вештачка инклузивност и транспарентност без да бидат уверени во искрената намера на власта за инклузивна, транспарента, но и суштествена работа за унапредување на квалитетот и стандардите на високото образование.
С.Б.

Слично