Студентски пленум: Да не ги криете полицајците кои тепаа студенти во библиотеката
Од Студентскиот пленум прашуваат зошто не се казнети полицајците кои употребиле прекумерна сила врз студентите во Градската библиотека, вечерта на протестите против полициската бруталност.
Тие се револтирани, бидејќи како што велат постојат видео докази на јасно се гледала полициската бруталност, а надлежните институции не преземаат ништо.
Од пленумот бараат да се откријат виновниците и Обвинителството докрај да ја спроведе истрагата.
Упадот во библиотеката се случи околу полноќ на 5 мај, на протестите против полициската бруталност, откако опозицијата објави аудио снимки на кои се слуша како, наводно, МВР и владини функционери се обидуваат да го скријат убиството на младиот Мартин Нешковски.
Слично
