СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ: Ако студентските избори не се поништат ќе ја опструираме работтата на УКИМ
Молчењето на новиот ректор Јанкуловски за инцидентите што се случуваа на изборите за студетски претседате е срамно и го прави соучесник во целиот процес, вели во интервју за Фактор, Јана Нашулова од Стдентски пленум. Нашулова додава дека истото може да се каже и за ректорот Велимир Стојкоски бидејќи, како што вели и тој досега можел да превземе многу повеќе од закажување на една вонредна седница за да го слушне ставот на СПУКМ кои јавно кажаа дека изборите биле демократски и фер.
Фактор: Избран е нов лидер, дали може да се смета за легитимен претставник на студентите? И што доколку изборот не биде поништен?
Jана Нашулова: Новиот лидер никако не може да се смета за легитимен претставник бидејќи пред се изборите се закажани во јуни, а не во октомври, но и поради неправилностите кои беа видени во текот на целиот ден. Затоа,ние како пленум бараме овие избори да бидат поништени. Доколу изборот не биде поништен ќе ја опструираме работата на УКИМ бидејќи сепак зборуваме за најстариот универзитет и за неговите избори. Освен тоа, зборуваме и за право на студентите да го дадат својот глас а овојпат тоа не им беше овозможено на сите.
Фактор: Најавувате масовни протести, но новиот претседател е веќе избран?
Jана Нашулова: Токму така. Најавивме и ќе се држиме до тоа бидејќи гласот на студентите треба да биде слушнат, а не да биде пригушуван со полициска сила и партиски полтрони. Новиот претседател е избран (со бројка која не е реална за она што ние го видовме) но, тоа не значи дека студентите треба да се откажат од својата борба.
Фактор: Како го оценувате тоа што ректорот Јанкуловски молчи за инцидентите?
Jана Нашулова: Во однос на молчењето на новиот ректор ставот ни е дека е срамно и дека неговото молчење само го прави соучесник во целиот процес. Истото може да се каже и за ректорот Вељановски бидејќи досега можеше да превземе многу повеќе од закажување на една вонредна седница за да го слушне ставот на СПУКМ кои јавно кажаа дека изборите биле демократски и фер.
Фактор: Зошто ескалираа состојбите? Што се случуваше со гласачките кутии? Какви неправилности беа регистрирани?
Jана Нашулова: Прашувате за неправилности па да почнам од таа која веќе ја споменав односно датата на избори, 30-ти јуни кога повеќето студенти не се тука. Да продолжам од облепените гласачки кутии кои би требало да се отворени за да гласањето биде транспарентно. Избирачки список кој го немаа, а спроведуваат избори. Печат во индекс, а колку што знам во индекс не смее било кој да става печат. Избирачки ливчиња без број ниту печат на нив кои буквално изгледаа на фотокопирани флаери на кои има информации за некој настан. Параван за да гласањето е тајно беше мисловна именка која на некој факултет станала реалност. Гласачките кутии освен што беа облепени, на снимките кои излегоа во јавноста се гледа дека од некои факултети се изнесени од членови на УМС кои воопшто не се ни студенти туку се постари лица кои работат во државни фирми. Ескалирањето всушност започнува од вмешувањето на тие лица при вадењето на кутиите. Туркање на врата, закани за да премине до заклучување на кутии и луѓе во канцеларија кои ќе ги ослободат од ЕБР.
Фактор: Дел од јавноста изборите ги прогаси за најсрамниот ден во историјата на УКИМ. Зошто полицијата тргна против Студентскиот пленум?
Jана Нашулова: Не само јавноста и ние самите бевме сведоци на срамните студентски избори. Како што знаеме и како што можевте да посведочите полицијата удри по студентите додека си ги штитевме правата кои ни следат. Тие удрија и по автономијата која студентите треба да ја имаат, но очигледно во нашава држава не сите ја добиваат.
Фактор: Што точно се случуваше вечерта откако дојде полицијата? Вие жестоко региравте, и изјавивте дека полицијата удрила студенти? Има ли поднесено пријави?
Jана Нашулова: Се случуваа многу работи, како на филм дури за момент. Да почнам од таму дека 3 пати пријавивме во МВР за на крај да дојдат и да не знаат ни они од каде да почнат. Неколку прашања на нас каде објаснивме како течел денот и дека ги повикуваме поради украдени гласачки кутии. По неколку обиди успеаа да влезат во канцеларијата на СПУКМ за да разговараат со луѓето кои беа горе.
Повторно разговор со нас бидејќи дојдоа уште неколку полицајци и инспектори за на крај да се појават ЕБР и да на нашето седење на земја со кренати раце возвратат со влечење и удирање со кое направија простор за кутиите кои недостасуваа бидат внесени. Секако тие кои не извадија од просторот кои им припаѓа на сите студенти кои студираат на УКИМ на крај не истуркаа на улица каде што останавме додека безбедно не ги извадија лицата кои беа заклучени во канцеларијата. Реагиравме бидејќи скоро сите имаме по некоја модринка која ќе не потсетуваа на таа вечер на таа полициска бруталност која по кој знае кој пат се виде на дело. Во однос на пријавите за тие дела во тек се разговори со правни лица кои ќе ни помогнат во одлуките и спроведувањата на процедурите.
Фактор: Зошто одевте со бојкот и немавте свој претставник на изборите?
Jана Нашулова: Бојкотиравме бидејќи не сакавме да учествуваме во нешто кое е нереално да се спроведува. Претставник е лесно да најдеш, но што дека кога и онака поголемиот дел од студентите не се тука-или се во родните градови или се на работа надвор од земјава. Плус да не заборавиме дека изборите се чекаа две години за да на крај се распишат кога треба да се менува ректор, а притоа да е на крајот на јуни.
Фактор: Колку политиката е навлезена и го уништува во високото образование? Особено што го оспорувате и изборот на новиот ректор?
Jана Нашулова: Сметам дека политиката е навлезена повеќе од што сме самите свесни. Доказ за тоа ни е присуството на членови на УМС за време на целиот избирачки процес, дури и при вадењето на кутиите од факултетите. Секако дека го оспоруваме бидејќи за него гласаа студенти кои не знаеме на каков начин ги добиле столчињата кои најверојатно им се многу удобни и поради кои вреди да се извршуваат криминалите. Но освен студентите во бирањето на ректорот улога имаат и професорите кои се сенатори. Некои од нивна јавноста добро познати се блиски со владеачката партија па затоа и сметаме дека и тука партијата ги вмешува своите прсти. Сепак можеби ќе дојде денот кога професорите кои се уште чесно ја носат титулата професор ќе се свестат каде згрешиле (малку се па се надевам ќе се пронајдат) и ќе ни помогнат во борбата која ја започнавме за да не и дозволиме на политиката да го корумпира и оцрни она што остана од универзитетот.

Слично