Студентот кој два пати паднал на екстерно наредните пријавувања ќе ги плати од свој џеб
И покрај протестите и негодувањата на студентите по однос на идеата на Владата во високото образование да воведе екстерно тестирање за проверка на стекнатото знаење за време на студискиот циклус Министерството за образование и наука остана цврсто на својот став, а министерот, Абдулаќим Адеми, изрази уверувања дека тоа нема негативно да се одрази врз образовниот процес и остана одлучен во идејата за воведување ваков механизам.
Новите развојни законски решенија што ги предложи МОН беа претставени во неделата, а во текот на вчерашниот ден тие беа објавени на веб страна на ресорното министерство.
Тука детално е објаснето она што најмногу ги засега студентите, односно како ќе изгледа државниот испит.
„Заради проверка на стручната оспособеност на студентите за самостојна примена на стекнатите знаења, способности и вештини пропишани во самата студиска програма, во текот на студирањето и на крајот на завршната година се изведува и државен испит за студенти запишани на прв, односно втор циклус на студии. Државниот испит за студенти го реализира Одборот за акредитација и евалуација на високото образование“, се вели во соопштението од МОН објавено на нивната веб страна.
Новите измени предвидуваа студентите државниот испит да го полагаат по завршување на втората студиска година, но може и порано доколку студентот има положено најмалку 50% од вкупниот број на предмети предвидени за конкретната студиска програма и на крајот на завршната година на студии, пред одбрана на дипломската работа, доколку студиската програма предвидува изработка и одбрана на дипломска работа.
Државниот испит студентот го полага само еднаш во кварталот на академската година. при што првите две полагања се бесплатни. Студентите запишани на втор циклус на студии државниот испит го полагат на крајот на последната студиска година.
Доколку студентот не успее да го положи државниот испит двапати по ред, наредните пријавувања за полагање се на негов товар.
За трето пријавување ќе треба да се плати 1.000,00 денари, за четврт пат 6.000,00 денари и за секое наредно пријавување по 12.000,00 денари.
Целиот текст на новите законски решенија можете да го прочитате на следниот линк.
Слично
