Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите стигнаа пред Ректоратот на УКИМ, образложуваат зошто протестираат

Студентите стигнаа пред Ректоратот на УКИМ, образложуваат зошто протестираат

Студентите кои вечерва протестираат против скандалозниот избор за претседател на СПУКМ и полициската бруталност пристигнаа пред Ректоратот на УКИМ.

Тие извикуваат „Автономија“ и „УКИМ да се одважи“.  Тргнаа од пред  СПУКМ и се движеа низ центарот на Скопје.

Студентите пред присутните објаснуваат кои се мотивите кои ги натерале да излезат на протест. Бараат осуда од Ректоратот на УКИМ за нелегалните избори на студентски лидер. Итна седница е свикана на Ректоратот за в понеделник.

Изборите за студентски лидер вчера поминаа со проблеми и нерегуларности, крадење на кутии и на крај имаше интервенција од полицијата.

Студентите рекоа дека ќе го вратат УКИМ во свои раце.

Слично

Поврзани вести