СТУДЕНТИТЕ СЕ БУДНИ: Политичкиот договор ќе мора да ги вклучи образовните проблеми!
Новиот политички договор за излез од политичката криза не треба да се фокусира само на одредени општествени сегменти, бидејќи образованието е темел за градење на квалите и просперитет-сметаат студентите. Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум која е преговарач во работните групи за изготвување на новиот Закон за високо образование вели дека политичката криза е делумно завршена, но не и проблемите во образованието кои треба да се решаваат на заедничка маса со сите засегнати страни.
“Велам делумно завршена затоа што допрва следува делот на имплементација, иако не би навлегувала во анализа и детали на политичкиот договор. Министерството за образование веројатно не беше дел од пакетот на зелената маса поради тоа што не е клучно за престојните избори, но сепак останува една од најслабите алки на оваа Влада. Министерот и заменик министерот требаше и вон политичката криза, па и пред нејзиниот почеток да си поднесат оставки поради брзоплетоста, недостатокот на слух и разбирање на засегнатите страни, недоволно анализираните реформи и разорувањето на образованието. За ова да се разбере не се потребни ниту еврокомесари, ниту разговори на зелена маса, доволно е да се види како тие признаваат постојано дека решенијата кои ги носат за образованието се контрадикторни, па така или ги одложуваат или ги ставаат во мирување. Очекувам дека со нормализирањето на состојбата, и ова е во едно навистина идно време, ќе почне коренито да се менуваат но и темелно да се решаваат образовните прашања заедно со засегнатите страни и Владата”-вели Туфегџиќ.
Проблемите во образованието
Според неа студентите досега неколку пати јавно ги изнеле проблемите со кои се соочуваат и образованието воопшто. Почнувајќи од ужасните услови во студентските домови завршувајќи со падот на квалитетот на високото образование, кој како што вели се должи, не на мрзливоста на професорите и студентите, туку на неконтролираното отварањето на дисперзирани студии и дисфункционалноста на Одборот за акредитација и евалуација чија работа досега многупати беше критикувана и од надлежните. Образовниот процес, потсетува, бара коренити промени кои ќе обезбедат долготрајност и квалитет.
“Овие и многу други проблеми би требало да се решат еден по еден, со темелна анализа и примена на компаративни искуства, се разбира комптабилни со македонските услови. Прво е потребно итно реновирање на студентските домови, бидејќи е недозволиво студентите да се образуваат и да живеат во услови под секое човечко достоинство. Потоа треба да се отвори прашањето за финансирањето, за функцијата и реформирањето на Одборот за акредитација и евалуација и се разбира преиспитување на сите оние високообразовни установи за кои постојат сомневања дека не ги исполнуваат критериумите за високообразовна установа. Во образованието се потребни реформи, кои нема да бидат подложни на промена за 2 месеци бидејќи не го дале посакуваниот резултат, туку ќе бидат одржливи и чија што примена ќе обезбеди долготрајност, квалитет и искачување на листите за најдобри универзитети во светот”-вели студентката по право.
Малдите сакаат надвор, зошто?
Таа забележува дека помеѓу младите во земјава има љубов и патриотизам кон својата земја, но скоро секој сака иднина надвор. Ова вели се должи пред се на нискиот животен стандард и исполитизираноста во сите општествени сегменти во земјава, а од друга страна на добрите образовни, економски и социјални политики на европските земји кои стануваат се попривлечна дестинација за младата работна сила. Ветувања за подобра иднина кај нас, додава Туфегџиќ, студентите добиваат само пред избори.
“Реалноста во Македонија е дека сите си ја сакаат државата, но секој кој има шанса да избега од неа, бега со брзина на светлината. Ова се должи на константата на низок животен стандард, младинската невработеност, нееднакви шанси, непристапност кон работни места без партиска книшка од “правилната партија”. Многу е едноставно спречувањето на овој тренд, се разбира, кога се работи за одговорни влади чии што функционери не гледаат за своите џебови и за згрижување на партиските членови, туку работат во интерес на сите. Отварање на работни мести,колку и ова да звучи клише, обезбедување на социјална и економска сигурност и едноставно еднакви шанси за сите. Сето ова го слушаме како дел од предизборни ветувања, кампањи, но за жал тоа е ветувањето кое никој не го исполнил, затоа што главната функција на државата не е да биде работодавач туку да биде гарант на еднаквоста на шанси и економската и социјална стабилност. Се додека стегите на политичките гарнитури се насекаде до тој момент младите нема да гледаат надеж во земјата и ќе заминуваат со лет во еден правец оттука”-вели Ивана Туфегџиќ.
Политиката според неа има и треба да има удел во студентската јавност. Сите ние вели сме политички суштества и со нашиот ангажман делуваме и индиректно влијаеме на политиките кои се носат. Но во Македонија додава, политиката сеуште се перцепира негативно и секогаш се меша поимот “политизираност” и “партизираност” кои суштински се разликуваат.
“Партиите немаат ексклузивитет на политичкото, напротив граѓаните се тие кои го поседуваат тој ексклузивитет. Како што тешко се прави разлика меѓу овие два поими, така уште потешко се допира до властите кога сте засегнати и некоја политика на Владата ви нанесува директна штета, затоа што, ќе погодите, ниту самите власти не прават разлика меѓу овие два поими, па оттаму доаѓаат заокружувањата, сатанизирањата и поврзувањата со опозицијата, само затоа што не се согласувате со нивната политика. Оттука не можеме реално да говориме за преговори или разговори за носење на квалитетни закони, бидејќи такво нешто практично и не постои”-нагласува Туфегџиќ.
Решенијата за подобро и поквалитетно образование според неа се многу едноставни- слух и разбирање за најзасегнатите-учениците, студентите и професорите.
“Многу едноставно. Со подобра, поквалитетна и Влада која има слух за младите. Лекциите за демократија кои студентите и средношколците ги држеа како по улиците така и на сопствените пленуми треба да бидат пример за секоја Влада како кога се работи во дух на дебата, соработка, размена на предлози и идеи се постигнува и квалитет. Оттаму нека ги применат пленумските принципи секогаш кога ќе се разговара за проблемите, особено образовните”-порачува Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.
С.Б.

Слично