Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите протестираа, ама никој не ги прими

Студентите протестираа, ама никој не ги прими
Студентските протести против екстерното тестирање завршија, но никој не се сретна со јив за да ги слушне нивните барања. Иако својот револт го изразија пред Владата и пред Министерството за образование, нивните претставници не ги прими министерот Абдилаќим Адеми. Двајца студенти до министерството доставија писмо каде ги образложуваат своите барања зошто екстерното тестирање на факултетите е лош проект. „Инсистираме на средба со министерот. Имено и во самото писмо кое му го пишавме на министерот бараме средба со него за да разговараме за проблемите“, рекоа студентите. Со својот марш студентите побараа и оставка од Адеми. (ВИДЕО-ФОТО) Студентите со марш му кажаа „НЕ“ на екстерното тестирање! Поддршка не добија ниту од лидерот на студенската организација на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Според претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Кирил Спировски оваа организација нема да се приклучи кон протестите додека не го види конечниот предлог за екстерното тестирање од Министерството за образование, затоа што верува дека сега не е време за протести. „Не сме против начинот на кои студентите сакаат да го изразат своето мислење, но сметаме дека излегувањето на улица во моментов не е решение и треба да е последно нешто“, вели Спировски за порталот Академик. Меѓу студентите на денешните протести се симнаа и само неколкумина од нивните професори.
Слично

Поврзани вести