Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите поднесоа барање за средба со министерот Адеми

Студентите поднесоа барање за средба со министерот Адеми

Денеска студентите од „Студентскиот пленум“ ја поздравија јавно изречената покана за средба на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми за да разговараат  за оправданоста на спроведувањето на предложената реформа во облик на екстерно тестирање во рамки на високото образование.

-Истата ние ја толкуваме како дел од вашата подготвеност да го вреднувате изборот на студентите, кои несомнено се најзасегнатата страна во овој политички дискурс и како израз на вашиот интерес да се вклучите во рамноправна дискусија околу нашите аргументи против реформата. Во таа смисла, со ова писмо би сакале да ја прифатиме Вашата покана, во име на можноста уште еднаш, во услови на мошне добредојдена директна комуникација, да ви го изложиме нашиот изграден, независен и категоричен став во однос на предложената реформа, велат студентите во писмото.

Тие предлагаат средбата да се одржи во петок во 12 часот  и во нивното барање наведуваат телефонски броеви и електронска пошта на кои го чекаат одговорот од Министерството за образование и наука.

Слично

Поврзани вести