Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите нема веќе да преговараат со МОН

Студентите нема веќе да преговараат со МОН

Од студентскиот пленум донесоа одлука за прекинување на соработката и преговорите како и напуштање на работните групи со МОН.

„Во време кога основните демократски процеси и вредности на нашиот политички систем се крахирани и кога нашето општество се соочува со вакви проблеми, имаме доволно причини за сомнеж во легитимитетот на оваа Влада, односно -оваа Влада е нелегитмна“, велат студентите.

Студентскиот пленум е заедништво на сите студенти, без оглед на етничка или верска припадност, велат тие. „Покрај сите случувања во овие црни и тешки денови, ние уште повеќе сме сплотени, како никогаш досега. Сакаме да изразиме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите луѓе од редовите на безбедносните сили. Се надеваме дека вакво нешто нема да се повтори“, порача денеска.

Во склоп на претходно наведеното на вчерашниот Генерален Пленум, едногласно беше донесена одлуката Студентскиот Пленум да ја напушти работната група за изработка на Новиот Закон за високо образование и да ја прекине понатамошната соработка со Министерството за образование и Наука.

Tие сепак порачаа дека ќе продолжат да бараат решенија, но не на заедничка маса со Министерството за образование. Ќе функционираат единствено преку интерната работна група во рамките на УКИМ, која постои уште пред официјално да отпочнат преговорите со министерството. Така ќе биде се`додека не се создадае атмосфера за понатамошни преговори околу законот.

„Има работна група во рамите на УКИМ, ја сочинуваат студентскиот пленум, професорскиот пленум, и разните членови на сенатот. Се надеваме дека таа работна група ќе продолжи да работи на законот, но нема да соработуваме, да седнеме на маса и да се договараме со МОН. Кога ќе биде готов законот, реално има доста време до тогаш, ние ќе гледаме како може да го имплементираме и повторно да го предложиме преку МОН и Собранието.“ Студентскиот Пленум смета дека единствен метод на искажување на револтот е мирното протестирање и затоа повикуваме да не се подлегнува на провокации. Исто така апелираме до сите граѓани на РМ на единство и разум.
Слично

Поврзани вести