Студентите: Не сме душмани ни предавници, го бараме тоа што природно ни припаѓа!
Студентите од Природно математичкиот факултет веќе четвртти ден преку бојкот на наставата им даваат подршка на нивните колеги кои пак скоро две недели ја реализираат автономната зона на дел од факултетите на УКИМ. Кирил Арсовски-студент во четвртта година на Институтот за биологија и член на Студентскиот пленум, вели дека со радикализацијата на формата на протест, како и со интезивни дискусии и презентирање на проблемите, во последниве десетина дена, портата на молкот во образованието се отвара и полека започнува расплетот на проблемите. Според него, студентите секојдневно покажуваат дека имаат своја идеја, визија и насока какво високо образование сакаат да имаат тие, но и генерациите по нив. На неговиот факултет, додава Арсовски, предаваат и работат едни од најдобрите научници и истражувачи од природно-математичките области во државава па и во регионот. Затоа, вели, студентите не случајно сакаат и бараат да ги оценува оној кој им предава-најдобриот.
“Минатата недела Научно наставниот совет на ПМФ одлучи во знак на подршка на студентите да прогласи бојкот. По гласањето договорено е одлуката за бојкот да се обновува на секои седум дена во зависност од насоката во која ќе се одвива ситуацијата. Студентскиот пленум на нашиот факултет како и останатите е поделен на работни секции. Една од секциите ги организира и алтернативните предавања кои веќе договоривме дека ќе бидат од научната област на факултетот. Дел од професорите и асистентите само ни пристапија со идеи за предавања и веќе од понеделникот се започна со предавањата кои се од научно-популарна тематика”-вели студентот по биологија Арсовски.
Тој нагласува дека од кога Студентскиот Пленум започнал со своите активности, во последните четири месеци е игнориран, а потоа девалвиран или навредуван како единствена студентска организација која успеа да го обедини студентското движење да делува како едно. Но со радикализацијата на формата на протест, како и со интезивни дискусии и презентирање на проблемите,студентите,според него, во последниве 10-тина дена, ја отвориле портата на молкот и полека започнал расплетот на проблемите.
Ова за него е само почеток на крајот на овој студентски и образовен проблем, но никако крај на студентската борба.
“Забелешките се истите кои ги објави и Генералниот Пленум, а тоа е дека новите одлуки не се ниту правно, ниту, уставно ниту логички издржани.Околу ова е многу јасен ставот. На овие заеднички средби деновиве засега уште се одлучуваат правилата и условите на кои дебатите кои тек следуваат ќе треба да се реализираат. Мислам дека во оваа фаза е потребно само време и трпение.Студентскиот Пленум и неговата борба се со јасни цели и очекувања. Дополнително, паралените настани само покажуваат дека во државата не е само образованието единствено кое е спремно за темелни реформи”-додава Арсовски.
Иако бојкотот на наставата е форма на артикулираното незадоволство од долгогодишните лоши реформи во високото образование, студентите и професорите преку взаемен договор издејствувале истражувањата за повисоките новоа на студии да се реализираат непречено, се со цел нивните колеги да не трпат од задолжителните и временски ограничени обврски. Целта на студентите е да покажат и докажат дека нивните намери се чисти и основани и се во искрена насока за подобрување на квалитетот во високообразовниот процес.
“Уште на почетокот на ПМФ се договаравме околу начинот на вршење на бојкотот. Се изгласа бојкот без настава и лабораториски вежби, со напомена формата на бојкот да се промени според дадената ситуација. Истражувањата за дипломски, магистерски и докторски работи се одвиваат непрекинато. Истота важи и за индивидуалните истражувања и полагања.На првите средби помеѓу СП на ПМФ и професорите се дојде до заеднички став да пропуштените предавања и вежби се реализираат во формат и период кој одговара на сите, преку скратена или дополнителна настава.Но за тоа конкретно ќе се одлучува на заеднички пленуми. Подршката од професорите за нас е поголема од очекуваната”-потенцира студентот Арсовски од Институтот за биологија.
Иако минатата недела во Ректоратот на УКИМ беше одржана средба помеѓу претставници на Владата, Ректорската управа и Сенатот, како и Студентскиот и Професорскиот пленум, студентите не добија уверување дека ќе се издејствува креирање на сосема нов Закон за високо образование во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни. Затоа студентите продолжија со окупација на факултетите и алтернативна настава во Автономните зони. Денешната средба, според студентите, дополнително треба да ги искристализира ставовите, дали и како ќе течат преговорите, од кои ќе зависи и понатамошниот тек на настаните и евентуалниот прекин на окупацијата.
Македонија како систем и општество, според студентот Кирил Арсовски кој е и претседател на студентското истражувачко здружение по биологија, за жал прв пат се соочува со ваква реакција кон донесувања на правилници, закони или пак одлуки во афект. Многу од одговорните, потенцира, поставија црвени линии уште пред да се сретнат со студентите или пак да ги ислушаат. Тој искрено верува дека ќе следува период на барем, како што вели, минимална соработка за надминување на проблемите. Во Студентскиот пленум, а и во Професорскиот, порачува студентот Арсовски, надлежните не треба да бараат и гледаат душмани и предавници, бидејќи тие вели, не бараат палати и оази, туку само она што природн0 им припаѓа-Автономен универзитет!
С.Б.

Слично