Студентите најавуваат можна окупација на универзитетите
На вечерашниот генерален пленум претставниците на „Студентски пленум“ расправаа за следните чекори кои ќе ги превземат во врска со законските измени и воведување на државен испит на факултетите при што начелно се одлучија за „окупација“ на универзитетите.
Расправата се одржа на Архитектонскиот факултет каде што на дневен ред беа три прелози: да се оди на работна средба со Министерството за образование и наука и на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да се „окупираат“ универзитетите или истовремена примена на двата предлога.
Тие ја донесоа примарната одлука секој од факултетите да се произнесе за ставот па потоа заедно да одлучат кој чекор ќе го превземат и според кој план ќе дејствуваат.
Слично
